fbpx

Ковачевски-Столтенберг: Северна Македонија е ценет сојузник

Северна Македонија во 2020 година стана 30-тата членка на НАТО - најмоќната Алијанса во светот

-

Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој денеска е во официјална посета на државата, попладнево одржаа тет-а-тет средба, по што заедно со делегациите одржаа билатерална средба.

На билатералната средба на која присуствуваа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, беше потврдена улогата на Северна Македонија како ценет НАТО сојузник, земја членка која дава значаен придонес во остварувањето на целите на НАТО и останува посветена на учеството во операциите и мисиите на Алијансата, соопшти Владата.

На средбата, соговорниците посочија дека е исклучително важно и за земјата и за регионот што Северна Македонија, рамноправно на иста маса со сојузниците активно учествува во дискусиите за регионалната, европската или глобалната безбедност, споделувајќи го својот специфичен пристап на конструктивно решавање на предизвици преку отворен дијалог, што е основа за градење и развивање добрососедски односи.

Северна Македонија во 2020 година стана 30-тата членка на НАТО – најмоќната Алијанса во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...