fbpx

Најстариот неделник во регионот НИН со комплетна промена на редакцијата

Редакцискиот колегиум во оставка на НИН преку соопштение за јавност вели дека новата сопственичка најавила промена на концепцијата на неделникот, но не ги уверила дека својата работа ќе можат и понатаму да ја вршат како што ја правеле досега - бескомпромисно и раководејќи се исклучиво со императивите на професионалното новинарство

-

Досегашниот главен уредник на српскиот неделник НИН, Милан Ќулибрк се повлече од оваа функција во најстариот политички неделник во регионот, додека членовите на колегиумот и редакцијата на НИН дадоа оставка на новата сопственичка на медиумот Јелена Дракулиќ, пишува српскиот весник Данас.

Редакцискиот колегиум во оставка на НИН преку соопштение за јавност вели дека новата сопственичка најавила промена на концепцијата на неделникот, но не ги уверила дека својата работа ќе можат и понатаму да ја вршат како што ја правеле досега – бескомпромисно и раководејќи се исклучиво со императивите на професионалното новинарство.

Инаку, редакцијата на НИН веќе ја напушти долгогодишната новинарка и уредничка на неделникот Весна Малишиќ.

Истовремено, Јунајтед медија денеска излезе со соопштение, во кое наведува дека наскоро ќе основа нов неделник на српскиот пазар во кој целата редакција на НИН ќе продолжи да функционира, пренесува телевизијата Н1.

„Сметаме дека на медиумската сцена се отвори простор за нов неделник кој ќе ги штити највисоките стандарди за независна и професионална работа, а која ќе ја уредуваат и за која ќе пишуваат врвни професионалци кои својот интегритет внимателно го граделе и чувале во текот на претходните децении“, се наведува во соопштението на Јунајтед медија.

Досегашната редакција на НИН, заедно со Весна Малишиќ и Милан Ќулибрк, ќе бидат дел од новиот неделник кој многу брзо ќе се најде пред читателите во Србија, а ќе наликува на досегашната уредувачка политика на НИН.

Во рамките на Јунајтед медија, во Србија функционираат медиумите Н1, Нова, Данас и Спорт Клуб.

Инаку, српскиот неделник НИН е основан во 1935 година, но бил набрзо забранет и продолжил со работа во 1951 година. Станува збор за најстар општествено-политички неделник во Србија и во регионот. Српскиот претседател Александар Вучиќ непосредно пред изборите што се одржаа на 17 декември даде интервју за НИН, и тоа откако претходно беше променета сопственичката структура на овој медиум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...