fbpx

Данас: „Српскиот свет“ е чедо на Александар Вучиќ, со последните избори го покажа тоа

Александар Вучиќ се вплеткува од еден во друг проблем. Тој преку видео порака им се обрати на, како што вели, граѓаните на Република Српска по наводите на опозицијата за изборна кражба во Белград преку доведување гласачи на изборниот ден

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ е творец на идиотската синтагма „Српски свет“. Со ваков наслов, белградскиот весник „Данас“ го критикува Вучиќ дека на последните избори со присуството во неговиот изборен штаб, ноќта на 17 декември за време на славењето на победата, биле присутни претседателот на ентитетот Република Српска Милорад Додик, министерот за безбедност на БиХ Ненад Нешиќ и претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

„Српскиот свет во полн состав“, вака за весникот Данас го коментираат српските аналитичари присуството на Додик, Нешиќ и Мандиќ за време на прославата во изборниот штаб на партијата СНС. Еден ден претходно, сите тројца се состанале со досегашниот директор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин. Притоа, Додик и Нешиќ го искористија и правото на глас на изборите во Србија.

Босанската политичка аналитичарка Тања Топиќ за весникот Данас вели дека се навикнавме да ги гледаме Додик и Вучиќ заедно. Додик го поддржал Вучиќ на српските избори, иако Вучиќ претходно не го поддржа Додик на изборите во БиХ.

„Она што не е изненадување, туку шок, е дека во изборниот штаб на СНС се појави државниот министер за безбедност. Тоа е јавен шамар за истата држава, чии останати функционери не ни помислиле, а камоли да реагираат на министерските изборни инциденти“, изјави Топиќ.

За разлика од минорната реакција во Босна и Херцеговина, присуството на Андрија Мандиќ на прославата на изборната победа на Вучиќ предизвика големи реакции во Црна Гора, пишува Данас.

Малик Ковачевиќ, извршен координатор на Асоцијацијата за млади „21 мај“ за Данас вели дека не е изненаден од ваквиот потег на Мандиќ, бидејќи тој отсекогаш бил “по професија Србин”.

Ковачевиќ вели дека е добро тоа што присуството на Мандиќ предизвикало жестока осуда во Црна Гора, при што во црногорскиот парламент веќе се говори меѓу пратениците за покренување на иницијатива за разрешување на Мандиќ од позицијата спикер на парламентот.

Ковачевиќ додава дека во штабот на Александар Вучиќ ноќта на 17 декември биле сите луѓе коишто работат против своите земји, односно „Српскиот свет“ бил во полн состав.

„Тоа се луѓе кои инаку работат против своите земји за сметка на други, Нешиќ и Додик во БиХ, Мандиќ во Црна Гора. Тоа се луѓе кои не само што се политички и идеолошки поврзани, туку и со бизнис врски и на секој друг начин се поддржуваат“, вели Ковачевиќ.

„Ќе завршат како походите на Милошевиќ на соседните држави од 90-тите години, во пропаст“, заклучува Ковачевиќ.

Во меѓувреме, Александар Вучиќ се вплеткува од еден во друг проблем. Тој преку видео порака им се обрати на, како што вели, граѓаните на Република Српска.

„Сакам да ви се извинам поради страшната кампања, која против вас, нашите сестра и браќа, ја води еден дел од политичката јавност во Белград“, изјави Вучиќ, алудирајќи на српската опозиција која веќе неколку дена протестира во Белград поради обвинувањата за кражба на локалните избори во Белград и доведувањето на граѓани од Република Српска.

„Знаат они добро колку е мал бројот на луѓе од Република Српска кои гласаа, и тоа во согласност со законите на оваа земја и во согласност со Уставот, и токму онака како што неговите контролори на изборите потврдија – мирно и цивилизирано, онака како што доликува за сериозни и одговорни луѓе“, изјави Вучиќ.

Режисерот Јанко Баљак за весникот Данас го коментира ваквиот потег на Вучиќ како клуг во синтагмата „Српски свет“.

„Вучиќ е творец на идиотската фраза „Српски свет“, иако му ја подметна на неговото лошо момче Александар Вулин, а јас го читам тоа и во ова негово обраќање“, вели Баљак.

„Тој ве натера да се качите во автобус, да го поминете патот и да учествувате во изборната кражба на мафијата што владее со Србија. Тоа нема врска со нацијата, ниту со патриотизмот, туку со личниот морал“, посочува Баљак.

Активистката за човекови права Аида Ќоровиќ за Данас вели дека обраќањето на Вучиќ не е извинување, туку пропаганден трик.

„Па, сега луѓето од Република Српска кои заедно со него и неговата криминална банда извршија сериозни престапи поврзани со нашиот изборен систем, му се поважни од граѓаните чиј претседател е“, вели Аида Ќоровиќ.

Ќоровиќ додава дека зад ова „извинување“ стои продлабочувањето на јазот меѓу Србија и Србите кои живеат на територијата на поранешната заедничка држава Југославија.

Зоран Вулетиќ, претседател на Граѓански демократски форум за весникот Данас посочува дека се работи за цинична манипулација која сее омраза меѓу луѓето.

„Зад оваа изјава стои сета негова и триесетгодишна политика на Шешељ. Ја деградира БиХ, ја припојува Република Српска кон Србија преку т.н редовно право на Србите од Босна и Херцеговина да гласаат во Србија“, вели Вулетиќ.

Тој додава дека „мора да се спротивставиме на ваквото семе на злото со решително барање за повторување на изборите на сите нивоа“. Наивната измама што ја виде цел свет, а само Путин и Орбан ја поддржаа со честитка, заклучува Вулетиќ.

Српската опозиција продолжува со протестите во Белград

И за денеска во Белград, петти ден по ред, најавени се протести на српската опозиција „Србија против насилството“ пред Републичката изборна комисија. Опозицијата бара распишување на нови избори на сите нивоа во Србија, тврдејќи дека победата на владејачката партија СНС е резултат на изборна кражба.

Коалициската претставничка Мариника Тепиќ, која штрајкува со глад од 18 декември, вчера на демонстрантите на протестот им порача оти на штрајкот со глад треба да се приклучат уште две пратенички од опозицијата, Јелена Милошевиќ од Ниш и Даниела Грујиќ од Нови Сад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...