четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: изборни резултати | 58 резултати

ГЕРБ на Борисов изгуби важни градови на изборите, бугарската влада на стаклени нозе

6 ноември 2023

Васил Терзиев од коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија е новиот градоначалник на Софија, откако на вчерашните избори ја победи Вања Григорова од Бугарската социјалистичка партија, јавува Бугарското национално радио. Врз основа на обработените 99,78 отсто од гласовите на изборната комисија, Терзиев води со 48,17 отсто добиени гласови, додека Григорова освоите 46,92 отсто од гласовите. На […]

Бугарската влада на стаклени нозе, Бојко Борисов се заканува пред вториот круг од изборите

1 ноември 2023

Лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов пред вториот круг од локалните избори во Бугарија се заканува дека ќе стави крај на актуелната влада. За само неколку часа, тој се одлучи во Софија да го поддржи кандидатот на Бугарската социјалистичка партија Вања Григорова за вториот круг од локалните избори, а потоа изјави дека не е сигурен […]

Избори во Бугарија: Борисов ја загуби Софија, но води во помалите населени места

30 октомври 2023

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, ја загуби можноста повторно да има свој градоначалник во Софија. Васил Терзиев од коалицијата „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија-Спаси ја Софија“ освои 33 отсто од гласовите на вчерашните локални избори, додека кандидатката поддржана од Бугарската социјалистичка партија, Вања Григорова, освои 21,1 отсто од гласовите, јавува Медиапул.бг. Партијата на ГЕРБ која досега ја […]

Владејачката Право и правда победи на изборите во Полска, формирањето влада неизвесно

16 октомври 2023

Партијата Право и правда на Јарослав Качински е победник на вчерашните парламентарни избори што се одржаа во Полска, но го нема неопходното мнозинство за самостојно да ја формира идната влада. Оваа партија освои 36,6 отсто од гласовите, додека либералната Граѓанска коалиција на Доналд Туск ја доби довербата од 31 отсто од избирачите. Опозициските партии – […]

Изборите за покраини ја потресуваат германската политичка сцена

10 октомври 2023

Партиите од таканаречената „Семафор коалиција“ на канцеларот Олаф Шолц во неделата добија уште два врели шамара, пишува германската новинска агенција ДПА. Лидерите на социјалдемократската СПД, Зелените и либералната партија ФДП се свесни дека изборите во покраините Баварија и Хесен всушност биле гласање за недоверба на сојузната влада. „Не сме глуви и слепи“, изјави генералниот секретар […]

Обвинение против Трамп за обид за поништување на изборните резултати во 2020 година

2 август 2023

Федералните обвинители од САД поднесоа обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот обид да ги поништи изборните резултати во 2020 година, во очајничкиот обид да остане на власт, пишува Би-би-си. Обвинението против поранешниот претседател на САД е покренато само неколку недели откако тој беше обвинет за задржување информации за националната одбрана. Во обвинителните […]

Избори во Грција: Мицотакис освои мнозинство од 158 места во идниот парламент

26 јуни 2023

Актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис е убедлив победник на парламентарните избори што се одржаа вчера во Грција. Неговата конзервативна партија Нова Демократија освои 40,5 отсто од гласовите, со што доби 158 пратенички места во грчкиот парламент кој брои 300 пратеници, пишува грчкиот весник Катимерини. Со ваквиот резултат, партијата на Мицотакис ќе може самостојно да ја […]

По вчерашните избори, тешко ќе оди формирањето на нова влада во Црна Гора

12 јуни 2023

Движењето „Европа сега“ освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори што се одржаа во Црна Гора. Движењето зад кое стои актуелниот црногорски претседател Јаков Милатовиќ освои 26 отсто од гласовите или 24 пратенички места во црногорскиот парламент, покажуваат прелиминарните резултати на Центарот за демократска транзиција врз основа на 100 отсто од преброените гласови, пишува Вијести. […]

Изборите во северно Косово завршија со мала излезност на Србите, одговорноста е на Белград

24 април 2023

Со минорна излезност од само 3,47 отсто завршија вчерашните локални избори во четирите српски општини во северно Косово. На изборите победија кандидати на албанските политички партии, при што во Косовска Митровица и Лепосавиќ победија кандидатите на партијата Самоопределување, додека во Зубин Поток и Звечан најмногу гласови освоија кандидатите на Демократската партија на Косово. Српската листа […]

ЦПД-Софија: Ќе формира ли Бугарија евро-атлантска влада?

3 април 2023

Импликациите од изборните резултати на вчерашните парламентарни избори во Бугарија се тема на анализа на познатиот бугарски тинк-тенк Центар за проучување на демократијата – ЦПД (Center for the Study of Democracy) од Софија, која ги разгледува можните сценарија за формирање влада и понатамошниот развој на политичката состојба во Бугарија, која во последниве малку повеќе од […]

Неизвесен победникот на парламентарните избори во Бугарија

2 април 2023

Речиси мртва трка се води меѓу коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ и коалицијата ГЕРБ – СДС, јавува mediapool.bg. Разлика помала од еден процент меѓу овие две коалиции е најверојатниот исход од предвремените парламентарни избори што денеска се одржаа во Бугарија. Според податоците од агенцијата „Алфа Рисрч“, „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ освоила […]

Милатовиќ го победи Мило Ѓукановиќ на претседателските избори во Црна Гора

2 април 2023

Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора откако на денешниот втор круг од претседателските избори успеа да го победи досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ. Врз основа на преброени 94 отсто од гласовите, Милатовиќ освоил 60,1 отсто од гласовите во вториот круг, додека за Ѓукановиќ гласале 39,9 отсто од граѓаните кои излегле на гласање, јавува Радио-телевизија […]

На една недела пред изборите, во Бугарија неизвесно дали ќе се формира нова влада

25 март 2023

Една недела пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија, неизвесно е дали гласањето на граѓаните закажано за 2 април ќе доведе до формирање на нова бугарска влада. Претстојните избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во рок од две години, бидејќи по сите досегашни резултати на изборите ниту една пратеничка листа не успеа […]

Избори во Црна Гора: Мило прв, но сите други против него во вториот круг

20 март 2023

Актуелниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори што вчера се одржаа во Црна Гора. Сепак, предноста од над шест проценти во гласовите не му дава комоција на Ѓукановиќ пред вториот круг, бидејќи уште во првите часови по гласањето преостанатите претседателски кандидати изјавија дека ќе ги повикаат своите гласачи […]

Левичарскиот кандидат Лула успеа да го победи Болсонаро на изборите во Бразил

31 октомври 2022

Радикално десничарскиот претседател Жаир Болсонаро не успеа да добие втор мандат за претседател на Бразил откако на вчерашните претседателски избори беше поразен од левичарскиот кандидат Луиз Инасио Лула да Силва, пренесува Би-би-си. Врз основа на 99,97 отсто од преброените гласови, поранешниот бразилски претседател Лула успеа да освои 50,9 отсто од гласовите, додека актуелниот претседател Болсонаро […]

Избори во БиХ: И Додик и Тривиќ тврдат дека водат во Република Српска, Изетбеговиќ призна пораз во Федерацијата

3 октомври 2022

И Милорад Додик и неговата опозициска опонентка Јелена Тривиќ тврдат дека водат на вчерашното гласање за избор на нов претседател на Република Српска. Тривиќ уште синоќа ја објави победата на изборите, а на улиците во Бања Лука нејзините приврзаници славеа. Конечните резултати од претседателските избори во Република Српска ќе бидат соопштени денеска од страна на […]

Јанез Јанша со убедлив пораз по изборите во Словенија заминува од премиерското место

25 април 2022

По повеќе од две години премиер на Словенија, Јанез Јанша ќе мора да си замине од премиерското место по резултатите од парламентарните избори што се одржаа вчера во Словенија. Неодамна формираната опозициска партија Движење Слобода на менаџерот Роберт Голоб освои 34,5 отсто од гласовите или 41 од вкупно 90 места во словенечкиот парламент, јавува Гардијан. […]

Франција утре избира претседател – Макрон во првиот круг во тешка битка со Ле Пен

9 април 2022

Во Франција утре ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Досегашниот претседател Емануел Макрон се обидува да освои втор мандат како претседател, додека како главен ривал на изборите му е радикално десничарската кандидатка Марин Ле Пен. Податоците од анкетните истражувања што ги пренесува Ројтерс покажуваат дека изминативе недели се приближуваат рејтинзите на двајцата главни […]

Александар Вучиќ победи во прв круг, понеизвесно е во трката за градоначалник на Белград

4 април 2022

Актуелниот претседател Александар Вучиќ успеа да освои нов претседателски мандат во првиот круг од изборите што вчера се одржаа во Србија. Според податоците од Републичката изборна комисија објавени утрово врз основа на 93,2 отсто преброени гласови, тој освоил 58,8 отсто од гласовите на претседателските избори, додека кандидатот на обединетата српска опозиција Здравко Понош освоил 18,1 […]

Виктор Орбан победи на изборите во Унгарија и освои двотретинско мнозинство во парламентот

4 април 2022

Актуелниот премиер Виктор Орбан успеа да освои четврти мандат по ред на вчерашните парламентарни избори во Унгарија. По речиси 86 отсто од преброените гласови, неговата партија Фидеш успеа да го задржи двотретинското мнозинство во унгарскиот парламент со освоени 135 места од вкупно 199, јавува Гардијан. Изборните резултати покажуваат дека 53,7 отсто од гласовите ги освоила […]

Страна 1 од 3