fbpx

Најмалку петмина загинати во најновите руски ракетни напади во Украина

Големиот напад на руските сили се случува на истекот од двете години руска инвазија врз Украина

-

Во голем руски ракетен напад во 8:45 часот по локално време утрово, во Украина загинале најмалку пет луѓе и најмалку 20 се повредени, известувa украинската државна новинска агенција ukrinform.net, повикувајќи се на украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко на неговиот Телеграм-канал.

Според соопштението, во главниот град Кијив избиле неколку пожари во три населби. Еден цивил загинал и неколку се повредени, а нападнати биле две згради, една поголема куќа и коли биле оштетени.

Во областа Буча во Кијивскиот регион се оштетени две згради, една куќа, придружни домаќински објекти и куќе, а повредени се три лица.

Во нападот врз Павловхрад во регионот Днипропетровск еден цивил загинал а друг бил повреден.

Во регионот Харкив биле нападнати две згради, при што загинале тројца цивили а 30 други биле повредени.

Големиот напад на руските сили се случува на истекот од двете години руска инвазија врз Украина.

Според најновиот извештај на Генералштабот на украинските одбранбени сили, од почетокот на инвазијата, домашните сили елиминирале 377.820 припадници на руските агресорски сили, од кои 960 во изминатото деноноќие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...