сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Италија | 253 резултати

Филмски фестивал во Лече: Европскиот филм во барокот на Јужна Италија

декември 3, 2025

Фестивалот на европскиот филм во Лече годинава понуди повеќе од двесте играни документарни и кратки филмови, со мошне широк спектар на теми и авторски стилови. Десетте филмови од официјалната програма кои се натпреваруваа за наградата „Златна маслинка - Кристина Солдано“ главно беа фокусирани на семејните драми, емоционалните врски и индивидуалните преиспитувања

Пет германски алпинисти загинаа во лавина во северна Италија

ноември 2, 2025

Пет германски планинари загинаа откако беа погодени од лавина во северна Италија, соопштија спасувачите. Телата на три жртви – двајца мажи и една жена – беа пронајдени во саботата, додека телата на уште две исчезнати лица, еден маж и неговата 17-годишна ќерка, беа пронајдени во недела наутро, пренесува Гардијан. „Тие беа влечени до долниот дел […]

Владата ја заборави ревитализацијата на Попова Шапка, ја нема најавуваната италијанска инвестиција

август 24, 2025

Поминаа  две и пол години од промовирањето на италијанската инвестиција на Попова Шапка, но и покрај бројните ветувања и изјави од властите, сè уште не е потпишан договор со италијанскиот инвеститор за ревитализација на овој планински туристички центар, а за тоа Владата на ВМРО-ВЛЕН молчи, пишува Порталб.мк. Италијанската инвестиција во Попова Шапка доста помпезно беше промовирана […]

Десетгодишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве во Италија

јуни 30, 2025

Семеен излет се претвори во трагедија по рамниот дел од реката Пјаве, која во овие жешки летни денови привлекува пливачи кои бараат малку свежина. Но, може да ве издаде со својата струја и ненадејно наклонетото корито, со брзаци и вртлози кои стануваат фатални стапици. Овој пат жртвата е 10 годишно девојче, со потекло од Македонија, […]

Недела на италијанскиот филм започнува од 9 јуни во Кинотека

јуни 6, 2025

Од понеделник, 9 јуни до сабота 14 јуни, во Кинотеката на Република Северна Македонија во Скопје ќе се одржи XXV издание на „Неделата на италијанскиот филм“. Организиран од италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Италијанскиот културен институт во Белград и Кинотеката на Република Северна Македонија. На овогодишното издание ќе бидат прикажани шест од најуспешните […]

Пожар во салон на Тесла близу Рим уништи 17 автомобили

март 31, 2025

Најмалку 17 автомобили на Тесла се уништени во пожар што избувна во салон на периферијата на Рим во понеделникот наутро, соопштија италијанските противпожарни служби. Во моментот на избувнувањето на пожарот во салонот немало никој и нема пријавени повредени лица. Противпожарната служба на Рим соопшти дека ги истражува „сите можни причини“ за пожарот, но не ја […]

„Жената која ја освои Европа“ рече Доналд Трамп по средбата со Џорџа Мелони во Мар-а-Лаго

јануари 5, 2025

Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше во неофицијална посета во Флорида и склучи средба со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, пренесува Политико. Мелони летала за Палм Бич, каде што поминала неколку часа со Трамп пред неговата инаугурација на 20 јануари. Трамп ја нарече Мелони „фантастична жена“ и ја закити […]

Политико објави листа на најмоќните луѓе во Европа: На прво место е Џорџа Мелони

декември 11, 2024

Медиумот „Политико“ (Politico) објави список на најмоќните луѓе во Европа на кој се наоѓаат 28 имиња, и за најмоќна личност во Европа прогласена е италијанската премиерка Џорџа Мелони, пренесува медиумот Н1. „Ако сте Илон Маск – најбогатиот човек на светот, воедно еден од најмоќните во светот и клучен советник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд […]

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

јули 22, 2024

Италијанскиот синџир на супермаркети „Конад“ планира наскоро да отвори свои маркети во Македонија и во Црна Гора, објави порталот „reatilserbia“, цитирајќи го претставништвото на „Конад“ во Албанија. Оваа проширување е дел стратегискиот план на компанијата за зголемување на своето меѓународно присуство и зајакнување на позицијата на Балканот. Според анализите, се очекува супермаркетите „Конад“ да придонесат […]

Најмалку 11 загинати и десетици исчезнати во две бродски несреќи во Медитеранот

јуни 18, 2024

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати и се стравува дека се мртви, во две одделни бродски несреќи во близина на италијанскиот брод, соопштија спасувачките служби во земјата, а пренесе Гардијан. Десет тела биле пронајдени вчера во долната палуба на дрвен чамец во централниот дел на Медитеранот од страна на спасувачите од […]

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

мај 11, 2024

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата епизода Бункер објаснува дека првата епизода цртана од Гуити требало да биде бројот 660, но распоредот бил поместен заради тоа што еден од четирите цртачи, […]

Девет лица, меѓу кои и едно бебе, загинаа откако брод се преврте кај Лампедуза

април 11, 2024

Девет лица, вклучително и едно бебе, загинаа откако нивниот брод се превртел додека се обидувале да го преминат Медитеранот при невремето. Уште 15 лица се водат како исчезнати, соопшти италијанската крајбрежна стража, а пренесе Гардијан. Крајбрежната стража денеска јави дека добила барање за соработка од службениците за пребарување и спасување на Малта, откако чамецот вчера […]

Љубителите на стрипот се збогуваат со Алфредо Кастели, креаторот на „Марти Мистерија“

февруари 8, 2024

Италијанскиот стрип-сценарист и писател Алфредо Кастели, чие најпознато дело е авантуристичкиот стрип „Марти Мистерија“, починал вчера во родниот Милано, на 76-годишна возраст, објави издавачката куќа „Серџо Бонели Едиторе“. Кастели, роден во 1947 година, со стрипови почнал да се занимава од најрана возраст, а како тинејџер во 1966 година го објавил првиот италијански фанзин за стрипови […]

Италијанска антикорупциска обука за македонски владини функционери

јануари 17, 2024

Правниот факултет при италијанскиот универзитет „Луис Гуидо Карли“ оствари иновативна обука за борба против корупцијата преку транспарентност, наменета за избрани владини функционери од Република Северна Македонија, соопшти Италијанската амбасада. Од таму посочуваат дека програмата „Спротивставување на корупцијата во јавната администрација преку транспарентност“ е наменета за 20 преставници на македонската влада. Самата програма ја финансира италијанското […]

Италија се повлече од учеството во кинескиот проект „Појас и пат“

декември 7, 2023

Италија официјално ја извести Кина дека се повлекува од иницијативата „Појас и пат“, која беше иницирана од кинескиот претседател Си Џинпинг во 2013 година, јавува Би-би-си. Владата предводена од премиерката Џорџија Мелони го извести Пекинг дека ќе престане да учествува во овој кинески проект до крајот на годинава. Италија беше единствената поголема земја од западниот […]

Страна 1 од 13