среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: бродска несреќа | 16 резултати

Грчката крајбрежна стража била одговорна за потонувањето на мигранскиот брод, покажува независна истрага

јули 10, 2023

Обидите на грчката крајбрежна стража да го влече рибарскиот брод кој превезувал стотици мигранти е веројатно причината за потонување на бродот, покажала заедничката истрага на Гардијан, германскиот јавен радиодифузен сервис АРД/НДР/Фанк и грчкиот истражувачки медиум Соломон во соработка со Форензис – истражувачка агенција со седиште во Берлин, Германија која ги истражува прекршувањата на човековите права. […]

По бродската несреќа во Грција ќе им се суди на деветмина, во Пакистан прогласен Ден на жалост

јуни 19, 2023

Деветмина осомничени шверцери на луѓе треба да се појават пред грчкиот суд под обвинение дека управувале со рибарскиот шверцерски брод со мигранти кој минатата недела потона во близина на грчкиот брег кај Пелопонез, резултирајќи со стотици исчезнати за кои се претпоставува дека се мртви. Бродската несреќа е една од најтешките катастрофи во Медитеранот, пишува „Гардијан“. […]

Во превртениот брод кај Пелопонез најверојатно имало околу 100 деца

јуни 15, 2023

Преживеаните од несреќата во која рибарски брод со мигранти се преврте и потона во близина на јужниот брег на Грција кај Пелопонез, рекле дека на бродот најверојатно имало околу 100 деца. Ова во изјава за Би-Би-Си го кажал вишиот лекар во Општата болница во Каламата, Манолис Макарис, кој ги лекувал преживеаните од бродоломот. „Тие (преживеаните, […]

Најмалку 78 загинати лица откако рибарски брод се преврте кај Пелопонез

јуни 14, 2023

Најмалку 78 тела се пронајдени од спасувачите откако рибарски брод со мигранти рано утрово се преврте и потона во близина на јужниот брег на Грција, кај градот Пилос на Пелопонез. Грчкиот портал „Екатимерини“ пишува дека постојат стравувања оти бројот на загинати може дополнително да се зголеми. Спасени се 104 лица, а информациите сугерираат дека на […]

Осум лица загинаа, 21 исчезнати во судир на два брода во Будимпешта

мај 30, 2019

Официјално, засега осум лица загинале, а 21 се водат како исчезнати по судир на два брода вчеравечер во Будимпешта, кои пловеле по Дунав близу парламентот на Унгарија. Малиот туристички брод луксузен брод бил удрен од многу поголем, при што се превртел и потонал. На бродот имало туристи од Јужна Кореја, а меѓу исчезнатите е и […]

Товарен брод потона во Црно Море

април 19, 2017

Товарен брод со 12-член екипаж од Русија, Украина и од Грузија денеска потона во Црното Море, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Спасувачите пронашле едно лице, а уште четири се локализирани и се подготвуваат за нивно префрлување на спасувачки брод, соопшти висок претставник на министерството на Крим, Владимир Иванов, кој не наведе што се случило […]

Во Египет осудени 56 лица поради бродска несреќа во која загинаа 200 мигранти

март 27, 2017

Египетскиот суд осуди 56 лица на затворска казна поради поврзаност со превртувањето на бродот со мигранти минатата година во септември, кога загинаа 200 лица. Осудениците добија казна до 14 години затвор, а меѓу делата за кои се осудени се убиство, убиство без предумисла и небрежност, пренесува „Би-би-си“. Исто така, има осудени и за загрозување животи, земање […]

Повеќе од 100 мигранти се удавиле во бродска несреќа во близина на Либија

февруари 22, 2017

Повеќе од 100 мигранти се удавиле во бродска несреќа во близина на брегот на Либија, јавуваат светските медиуми. Пред неколку дена, телата на 74 мигранти биле исфрлени на брегот на либиски град Завија, но тогаш не се знаеле причините за смртта. Според изјавите на еден од преживеаните мигранти, на бродот имало 133 лица, а само 24 од нив […]

Запрен сообраќајот на Босфорот поради бродска несреќа

август 17, 2016

Бродскиот превоз низ Босфорот е запрен откако товарен брод се судри со пловило на крајбрежната стража. Истанбулските власти соопштија дека шест лица се спасени после денешниот судир. Не е објавено колку долго ќе биде затворен овој стратешки важен пловен пат. Околу три отсто од светските нафтени резерви секоја година минуваат низ Босфорскиот премин.

Повеќе од 700 мигранти настрадале во три бродски несреќи

мај 29, 2016

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци УНХЦР објави дека во последните три дена, повеќе од 700 мигранти настрадале во три бродски несреќи во Средоземното Море, јужно од италијанското крајбрежје. Мигрантите се обидувале да стигнат во Европа, криејќи се во чамци кои не се наменети за пловење по отворено море. Портпаролката на УНХЦР, Карлота Сами […]

Бројот на загинати мигранти кај Самос се искачи на 24 лица

јануари 28, 2016

Бројот на мигранти што ги загубиле животите во бродската несреќа што се случи денеска кај грчкиот остров Самос се искачи на 24 лица, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информации од грчката крајбрежна стража. Десет мигранти што патувале со бродот кој утрово се превртел кај Самос биле спасени, а според информациите на крајбрежната стража, продолжува потрагата по 11 […]

12 мигранти загинале во бродска несреќа кај Измир

јануари 21, 2016

Дванаесет мигранти ги загубиле животите, а 26 биле спасени, во бродска несреќа кај турското пристаниште Измир, во Егејско Море, соопшти турската крајбрежна стража. Несреќата се случила кога поради невреме се превртел бродот што ги превезувал бегалците во Грција. Според податоците на турската крајбрежна стража, од почетокот на оваа година настрадале околу 40 мигранти во обид од Турција […]

Страна 1 од 1