fbpx

Церар: Споровите околу бегалската рута би можеле да ги влошат односите во регионот

-

Споровите на државите од рутата низ која минуваат бегалците може да ја заострат ситуацијата на Западен Балкан и во поширокиот регион, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар, по завршувањето на вонредниот самит на ЕУ.

– Балканот не е доволно стабилен за да ја издржи таквата ситуација. Затоа е многу важно особено внимание да се посвети на Балканот и на поширокиот регион, да им помогнеме, па и финансиски. Тоа и го истакнав во расправата – рече Церар.
Словенечкиот премиер, пред почетокот на самитот, се сретна со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и го информирал за потенцијалното влијание на бегалската криза врз целиот регион околу Словенија.

– Го предупредив дека треба да се направи сè за да не дојде до зголемена тензија меѓу Хрватска и Србија и оти треба да им се помогне на овие земји кои сè уште не се дел од ЕУ, но добро соработуваат со неа – рече Церар, додавајќи дека Словенија сака да дејствува како посредник во тие можни спорови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...