fbpx

Хрватскиот министер за одбрана тешко повреден во сообраќајна незгода

Медиумот се повикува на соопштение од министерството за одбрана на Хрватска, според кое министерот Баножиќ бил тешко повреден и бил однесен во болница во Винковци, а оттаму во Клиничко-болничкиот центар во Осијек

-

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ Рано утрово, бил повреден во сообраќајна незгода во која учествувало возилото што го управувал, одејќи на лов. Во несреќата животот го загубил возачот на комбито со кое се судрил автомобилот управуван од хрватскиот министер за одбрана, јави хрватскиот онлајн-медиум „Т-Портал“.

Медиумот се повикува на соопштение од министерството за одбрана на Хрватска, според кое министерот Баножиќ бил тешко повреден и бил однесен во болница во Винковци, а оттаму во Клиничко-болничкиот центар во Осијек.

Несреќата се случила на пат од Винковци кон Жупања. Според некои медиуми, хрватскиот министер за одбрана одел на лов и возел автомобил „Џип“. При претекнување камион, директно се судрил со комбито, во услови на густа магла на патот. За ваквите наводи нема официјална потврда, нагласува хрватскиот онлајн-медиум „Т-Портал“.

Хрватската влада изразила сочувство на семејството на возачот што го загубил животот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...