понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: министер за одбрана | 19 резултати

Украина го менува министерот за одбрана, Русија се подготвува за нова воена офанзива

февруари 6, 2023

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников ќе биде разрешен од функцијата, а на негово место ќе биде поставен досегашниот шеф на военоразузнавачката агенција Кирило Буданов, пренесува Гардијан. Позицијата на Резников е разнишана по корупцискиот скандал, во кој Министерството за одбрана се обвинува дека плаќало за два до три пати повисоки суми од цената на храната […]

Русија ќе мобилизира уште 300.000 војници, Украина вели тоа е очекуван потег

септември 21, 2022

Околу 300.000 луѓе ќе бидат опфатени со делумната воена мобилизација, најави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Тој претходно изјави дека ќе бидат повикани само оние лица кои имаат претходно армиско искуство. Според Шојгу, Русија не се борела против Украина, туку против целиот запад. Министерот соопшти дека 5.937 руски војници загинале во конфликтот со Украина, […]

Вистиномер: Не е точно дека министерката Петровска изјавила оти во македонската армија биле откриени руски шпиони

јуни 15, 2022

Министерката за одбрана Славјанка Петровска воопшто не дала ваква изјава, ниту, пак, навистина биле откриени руски шпиуни во редовите на македонската армија. Доколку се посети оригиналната страница од каде потекнува написот, се доаѓа до заклучокот дека станува збор за сатиричен напис, што е јасно обележано на крајот од текстот, каде се додава дека сите сличности […]

Вистиномер: Непристојните забелешки кон министерката за одбрана како ферментиран отпор кон Преспанскиот договор

февруари 4, 2022

Влезот во НАТО како основа го имаше Преспанскиот договор. Критиката на овој Договор, пак, e основата на која опозицијата сака да го придобиe дел од јавното мислење, без да се споменува НАТО. Со актуелните случувања околу Украина се спојуваат сите фрагменти на отпорот кон Договорот од Преспа, па во јавната комуникација добиваме реченица од типот […]

Шекеринска: Македонија ја делат седмици од шансата да седне на масата на НАТО

јануари 21, 2019

Проценките на владата се дека нè делат седмици од шансата Македонија да седне на масата на сојузниците и треба да ги почитуваме процедурите во Грција. Во овој случај станува збор и за процедури во НАТО, а за земјите-членки, вклучително и Словенија, да го потпишат протоколот за пристапување потребно е Преспанскиот договор да биде целосно ратификуван. […]

Во пожарот во Грција загинаа 81 лице, бројот на исчезнати непознат

јули 26, 2018

Во катастрофалниот пожар што ја зафати областа Атика кај Атина, до сега загинаа најмалку 81 лице, а бројот на исчезнати се уште е непознат. Опожарените населби ги посети министерот за одбрана Панос Каменос, кој го пречекале гневни граѓани. Две девојчиња низ плач и со гнев му раскажале како го преживеале пожарот и што се случувало, […]

Шекеринска: Голем дел од парите за исхрана на војниците не се искористувале

јули 9, 2018

Ќе направиме нов правилник за исхрана на војниците во АРМ, а голем дел од парите наменети за нивна исхрана досега не се искористувале, поради што ќе мора да преземеме одредени промени, за што веќе разговарав со Генералштабот на АРМ, објасни министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со уредниците и […]

Шекеринска во Стејт Департментот: Македонија е подготвена за членство во НАТО

април 28, 2018

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вториот ден од официјалната посета на САД се сретна со заменик – помошникот на секретарот за одбрана Лора Купер и со високи официјални лица во Стејт Департментот. Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата со првиот заменик – помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на […]

Албанија и Бугарија ќе се залагаат Македонија поскоро да влезе во НАТО

декември 1, 2017

Албанскиот заменик-министер за одбрана, Петро Кочи, порача дека Албанија и Бугарија ќе бидат силни поборници Македонија што е можно поскоро да стане членка на НАТО и дека тоа не е важно само за народот на земјата, туку и за регионот во целина. Кочи беше на трилатерална средба во Охрид со македонската министерка за одбрана, Радмила […]

Шекеринска во Брисел разговарала со помошниците на генералниот секретар на НАТО

ноември 10, 2017

Македонската министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата на Брисел на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и земјите-учесници во мисијата „Одлучна поддршка“, во НАТО штабот во Брисел имала средби со помошник-генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Алехандро Алваргонзалез и помошник-генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и […]

Кој и под кои услови во Македонија може да нареди прислушување на дипломати

август 23, 2017

Прислушувањето на странски дипломати, во чии редови без исклучок има и разузнавачи, според Законот за следење на комуникации се врши на барање на министрите за внатрешни работи и за одбрана, а го одобрува судија на Врховен суд. Во Законот за следење на комуникациите условите и постапката за прислушување е уредена во две глави. Едната се […]

Трамп го избра генералот Џејмс Мед Дог Матис за нов министер за одбрана на САД

декември 2, 2016

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го избра генералот Џејмс Матис, поранешен маринец кој служел во Ирак и во Авганистан, за нов министер за одбрана, јавува „Би-би-си“. „Тој е нашиот најдобар избор“, истакнал Трамп, при промоцијата на неговиот избор за министер за одбрана за време на говор во сојузната држава Охајо. Генералот Матис, кој е […]

Анте Готовина назначен за советник на хрватскиот министер за одбрана

ноември 17, 2016

Поранешниот генерал на хрватската војска, Анте Готовина, е назначен за советник на министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Ваквата одлука ја донела Владата на Хрватска на седница одржана во Вуковар, а неа ја потврдил и министерот Крстичевиќ на својот фејсбук-профил. „Мило ми е што мојот голем пријател […]

Израел планира смртни казни за палестинските екстремисти

мај 21, 2016

Идниот министер за одбрана на Израел, Авигдор Либерман, инаку лидер на ултранационалистичката партија „Израел наш дом“ како клучен услов за негово влегување во владејчката коалција го поставил воведувањето смртна казна за палестинските екстремисти, јавуваат светските медиуми. Извори блиски на неговата и на владејчката партија Ликуд навеле дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласил со барањето […]

Јолевски: Заслужуваме да бидеме дел од НАТО

февруари 6, 2016

За време на посетата на Вашингтон, САД, македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, се сретна со Целесте Валандер, специјален советник на претседателот Барак Обама и директор во Советот за безбедност на САД, а во Стејт Департмент со Хојт Ји, заменик помошник секретар за Европа и за Евроазија. Министерство за одбрана на Македонија соопшти дека на одвоените средби Јолевски и […]

Страна 1 од 1