Се заканува ново силно невреме, вчерашното заврши со повеќе жртви

Синоќа бев на улица со мајка ми кога невремето беше најлошо. Апсолутно не знам како стигнавме живи и неповредени, ракажува Ивана Претовиќ, главна уредничка на нишкото радио Сити Смарт

-

По силното невреме кое вчера го погоди регионот, Дирекцијата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи на Хрватска соопшти дека доаѓа нова облачност од Славонија и дека се можни врнежи со грмежи.

Тие објавија и инструкции на Твитер како луѓето да се однесуваат во екот на невремето, од кои една од најважните е да се остане во затворени простории.

Три лица загинаа, а повеќе се повредени во силното невреме во Хрватска, а во Србија неколку лица, меѓу кои и едно дете, се повредени откако ураганските ветришта вчера корнеа дрвја и откорнаа делови од покриви и фасади на згради, пренесе Би-би-си на српски јазик.

Причинета е и поголема материјална штета, соопшти хрватската Служба за цивилна заштита. На социјалните мрежи беа споделени видеа од екстремно силни ветришта кои корнеа дрвја, однесоа покриви и фасади и уриваа кранови.

Повредени има и во Србија, а тие што се нашле на улица во моментот кога се случуваше невремето одвај веруваат дека преживеале.

„Синоќа бев на улица со мајка ми кога невремето беше најлошо. Апсолутно не знам како од Милентијева до Светозар Марковиќ стигнавме живи и неповредени. Бевме само мокри како глувци. Утрово сфаќам дека дрво паднало пред нашата зграда и кога стигнав на работа видов дека дрво од другата страна на улицата падна врз нашата зграда. Штетата е минимална, само искинати оптички кабли и моментално џунгла од гранки пред влезот“, раскажа Ивана Претовиќ, главна уредничка на нишкото радио Сити Смарт.

Повикувајќи се на портпаролот на Новосадската Итна помош, Радио-телевизија на Србија јави дека девојче во Војводина е повредено кога врз неа паднало дрво кое било откорнато од ветрот, но дека таа е во стабилна состојба во болница.

Ветерот повредил и возач на скутер, при што го соборил од возилото. И тој е во стабилна состојба, јави РТС.

Неколку луѓе се полесно повредени во Ниш. Во Брчко, Босна и Херцеговина, една жена загина во невремето, а лекарска помош побарале повеќе од 20 лица, изјави портпаролот на Јавната здравствена установа Сеад Шадиќ, пренесува Кликс.

Ненадејната промена на времето се случи по неколкудневните рекордно високи температури. Таквото време е предизвикано од системот со висок притисок кој носи потопол, тропски воздух јужно од млазниот поток моментално заглавен над централна Европа.

ОН: Топлотните бранови се новото нормално – САД и Кина надминаа 50 степени Целзиусови

Светската метеоролошка организација предупреди дека топлотниот бран во Европа може да продолжи и во август и дека екстремните температури се новото нормално во светот погоден од климатските промени.

ЕУ праќа пожарникари во Грција, шумските пожари беснеат во близина на Атина

 

Скопската Зоолошка градина од денеска е повторно отворена

Зоолошката градина во Скопје од денеска е повторно отворена за посетители, откако пред три недели Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврди случај на птичји грип кај угината гуска...