Институциите им „раскинуваат“ на антикорупционерите по вчерашното отворање предмети за корупција

По вчерашната седница на ДКСК, на која беа иницирани повеќе постапки и сомнежи за криминал и корупција, со реакции се јавуваат и министри и институции, но и јавното обвинителство - сите ги отфрлаат наодите и сомнежите на антикорупционерите и меѓу редови соопштуваат дека соработката со нив ќе ја сведат на минимум

-

По вчерашната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на која беа иницирани повеќе постапки каде постојат сериозни сомнежи за криминални дејствија, со реакции се јавуваат и министри и институции, но и Јавното обвинителство – сите ги отфрлаат наодите и сомнежите на антикорупционерите и меѓу редови соопштуваат дека соработката ќе се сведе на минимум.

По оценката на ДКСК дека при јавната набавка за дигитализација на матичните книги не биле предвидени мерки за заштита со приватноста на податоците на граѓаните и дека постоел висок ризик особено со тргување на лични подататоци, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека според неговите информации од МВР, нема масовна злоупотреба на податоци.

„Ние и досега сме постапувале по предмети кои значат злоупотреба на лични податоци. Не може да стане збор за масовна злоупотреба на податоци. Бројот на случаи за кои постапуваме не е број кој може да не алармира. Сите институции кои постапуваат по личните податоци имаат свои правила и процедури. Најголемата злоупотреба е преку порталите и социјалните мрежи и мора да се работи на тоа“, истакна Спасовски.

Со реакција се јави и Државната изборна комисија (ДИК) и ги отфрли како неточни и невистинити сите наводи од Антикорупциската комисија во врска со набавката на фингерпринт апаратите за гласање.

ДКСК на вчерашната седница утврди недоследности во постапката за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите и во исполнувањето на одредбите од договорот со избраниот економски оператор, за набавка на фингерпринѕ уреди во вредност од над 11 милиони евра. Постои сомневање дека со начинот на кој била спроведена постапката за јавна набавка било доведено во прашање одржувањето на изборите, а не е исклучена веројатноста дека со техничката спецификација која според Комисијата за заштита на конкуренцијата содржела ограничувачки критериуми, бил фаворизиран избраниот економски оператор.

„Сите изјави на ДКСК се сведуваат единствено на некакви сомнежи и ризици со кои не се потврдува никаква состојба или неправилности и истите не произлегуваат од веродостојни докази. Во однос на ова, ДИК има основана потреба и обврска да укаже и да појасни, дека наводите и констатациите на ДКСК кои произлегоа во јавноста се спротивни од конкретни релевантни факти и документи кои навремено беа доставени до ДКСК“, реагираат од ДИК.

Оттаму додаваат дека доколку се направи увид во постапката која е спроведена преку официјалниот систем за набавки на Бирото за јавни набавки, може да се утврди дека се запазени сите одредби од Законот за јавни набавки, меѓу кои и одредбите кои укажуваат на транспарентност на постапката. Исто така условите во техничката документација произлегоа од јавно спроведениот технички дијалог со сите заинтересирани економски оператори.

„Со ваквите наводи непотребно и неосновано се нанесува штета на професионалниот интегритет на ДИК, но и генерално негативна слика за изборниот процес и углед на државата. Поради сите неточни и невистинити наводи на ДКСК, ДИК ги сведува односите и комуникацијата со ДКСК само на неопходните обврски кои произлегуваат од надлежности утврдени со закон“, се вели во реакцијата на ДИК.

Утринава, и од обвинителството излегоа со тврдење дека ги замрзнуваат сите активности предвидени и со меморандумот што го потпишаа пред три дена со Антикорупциската комисија.

Иако јавниот обвинител на Љубомир Јовески пред три дена, на сопствена иницијатива, оствари средба со членовите на ДКСК и притоа оцени дека по потпишувањето на двостраниот меморандум за соработка, значително е подобрена соработката со ДКСК денес Обвинитеството е со став дека постои еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум.

Антикорупциската комисија вчера соопшти за преземените активности во предметот „Труст“ и конфискацијата на имотот на Трансмет на бизнисменот Сеад Кочан, и поднесе иницијатива до обвинителството. Ова, за јавното обвинителство претставува навреда, бидејќи таму веќе бил оформен предмет за овој случај и дека иницијативата на ДКСК е беспредметна.

„Се поставува прашањето како ЈО ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата сè уште не е доставена, а ЈО сè уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата. Целта на ДКСК е да придонесе при расветлувањето на овој случај, а не да ја компромитира постапката што се води во обвинителството. Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите“, одговорија од Антикорупциската комисија.

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја,...