fbpx

ОН: Топлотните бранови се новото нормално – САД и Кина надминаа 50 степени Целзиусови

Светската метеоролошка организација предупреди дека топлотниот бран во Европа може да продолжи и во август. Милиони луѓе ширум светот се под мерки и препораки за горештините, а властите предупредуваат на опасност по живот

-

Екстремните температури што ја зафатија земјината топка неделава, се новото нормално во светот загреан од климатските промени, соопшти метеоролошката агенција на Обединетите нации.

Во делови од САД и Кина температурите во неделата надминаа 50 степени Целзиусови, пренесува Би-би-си.

Светската метеоролошка организација предупреди дека топлотниот бран во Европа може да продолжи и во август. Милиони луѓе ширум светот се под мерки и препораки за горештините, а властите предупредуваат на опасност по живот од високите температури.

Не се очекува заладување ниту во вечерните часови, пишува Би-би-си, бидејќи ноќните температури во места како Аризона, САД или во јужна Шпанија остануваат над 30 Целзиусови степени.

Долината на смртта во Калифорнија (Death Valley) во неделата достигнала 53,9 степени. Кина го собори својот рекорд за највисока температура кога истиот ден забележала 52,2 степени Целзиусови во нејзиниот западен регион Ксинџијанг, според податоците на Метеоролошката станица на Обединетото Кралство.

Температурите во јужна Шпанија вчера достигнаа максимум од 46 степени, додека во Италија се очекува засилување на горештините со иста прогноза – максимални 46 степени на Сардинија.

Научниците велат дека климатските промени ги прават топлотните бранови подолги, поинтензивни и почести.

„Екстремното време – сè почеста појава во нашата затоплувачка клима, има големо влијание врз здравјето на луѓето, екосистемите, економиите, земјоделството, енергијата и снабдувањето со вода“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Таалас, додавајќи:

„Мора да ги засилиме напорите за да му помогнеме на општеството да се прилагоди на она што за жал станува ново нормално“.

Таалас ја нагласи итноста од намалување на емисиите на стакленички гасови што е можно побрзо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...