Регионалниот центар за управување со кризи извести дека во Штип околу 13.30 часот започнал пожар на депонијата „Трештенска Скала“ во близина на градот.
Пожарот е проширен надвор од депонијата и зафатена е ниска вегетација, а во моментот интервенираат шест пожарникари со две противпожарни возила од ТППЕ Штип.
Од страна на ТППЕ Штип се повикани и останатите пожарникари да се вклучат во гасење на пожарот.