вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: глобално затоплување | 58 резултати

Глобалното затоплување убива по еден човек секоја минута

октомври 29, 2025

Зголемувањето на глобалната температура убива по едно лице во минута низ целиот свет, открива голем извештај за влијанието на климатската криза врз здравјето. Во него се вели дека зависноста на светот од фосилни горива, исто така, предизвикува токсично загадување на воздухот, пожари и ширење на болести како што е денга треската, а милиони луѓе умираат […]

Нивото на морската вода изминативе години расте поради климатските промени

октомври 3, 2024

Светскиот просек на морското ниво е зголемен за 21 до 24 сантиметри од 1880 година. Во 2023 година светското просечно морско ниво достигна рекордна височина – 101,4 милиметри (3,99 инчи) над нивото од 1993 година, што го прави највисок годишен просек од 1993 година досега. Глобалното ниво на водата во морињата се зголемува како резултат на […]

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

септември 20, 2024

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот на Светската метеоролошка организација потврди дека 2023 година била најтоплата досега, со просечна глобална температура од 1,45 Целзиусови степени над основната прединдустриска линија. Податоците од анализите […]

Земјата е рамна плоча, а глобалното затоплување е мит – уметничка акција против дезинформации

јули 2, 2024

Социјалните мрежи се полни со лажни вести кои го негираат глобалното затоплување и климатските промени. Нападнати сме од дезинформации во кои глобалното затоплување, а неретко и климатските промени, се опишуваат како светски заговор и нешто што не постои, туку само треба да ги застрашува луѓето. Ова го велат од Центарот за современи уметности кои денеска […]

Повозрасните лидери нè туркаат кон климатска катастрофа, вели поранешниот шеф за животна средина на САД

април 14, 2024

Политичките лидери кои се претставуваат како „возрасни“ додека го забавуваат темпото на климатските активности, го туркаат светот кон подлабока катастрофа, предупреди поранешен шеф за животна средина на САД, а соопшти Гардијан.  „Ние сме забавени од оние кои се сметаат за возрасни и веруваат дека декарбонизацијата со брзината на којашто бара климатската заедница е нереална“, рече […]

Најтоплиот март во Германија од најмалку 1881 година

април 3, 2024

Никогаш, од 1881 година и откако германските метеоролози систематски ја мерат температурата, немало потопол март во земјата од оној што штотуку заврши, соопшти германската метеоролошка служба DWD, а пренесе германската новинска агенција ДПА. Просечната температура во Германија бИЛА 7,5 степени, четири степени над меѓународно важечкиот референтен период од 1961 до 1990 година. Споредено со претходниот […]

Ќе има бури, ветрови и поплави кои тешко ќе ги контролираме – предупредување од конференцијата за енергетска транзиција

март 20, 2024

Германскиот министер за заштита на климата Роберт Хабек со жестока порака предупреди на неконтролираната динамика на глобалното затоплување, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Можеби сме на работ на глобалното затоплување, во овој случај затоплување на океаните, кое всушност излегува од контрола“, рече политичарот на Зелените вчера во Берлин на Меѓународната конференција за енергетска транзиција. Температурата […]

СЗО не го забранило земјоделството ширум светот

јануари 31, 2024

Во објавата невистинито се тврди дека Светската здравствена организација под превезот на глобалното затоплување ќе забрани земјоделие, месо и млечни производи за да се изгладнуваат луѓето и да се намали светската популација, Но, кога ќе се прочита декларацијата која ја имаат потпишано повеќе од 130 држави, меѓу кои и Северна Македонија, се доаѓа до заклучокот […]

Екстремно ниските температури не ги негираат глобалното затоплување и климатските промени

јануари 17, 2024

Објава на Фејсбук повторува класична невистина – дека екстремно ладни зими на тлото на Европа го негира постоењето на климатските промени, предизвикани од глобалното затоплување. Во објавата се споделува  фотографија – температура карта на која се прикажани речиси сите европски земји, а на секоја држава се испишани екстремно ниски температури во Целзиусови степени, но без […]

Европската комисија ѝ одобри на Бугарија 1,2 милијарди евра за енергетска трансформација

декември 21, 2023

Европската комисија денеска ги одобри територијалните планови за трансформација за „јагленските региони“ Стара Загора, Перник и Ќустендил, а со тоа практично го дозволи пристапот на Бугарија до 1,2 милијарди евра за еколошка промена на сегашните загадувачки начини на производство на енергија, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Овој чекор доаѓа во последен момент пред Бугарија да ја […]

Климатските промени ќе ја чинат Грција две милијарди евра годишно

декември 15, 2023

Трошоците од климатските промени за Грција до крајот на веков се проценуваат на 2,2 милијарди годишно, односно околу 1 отсто од сегашната вредност на БДП на Грција, пишува грчки „Екатимерини“, цитирајќи го извештајот на Банката на Грција и нејзиниот гувернер Јанис Стурнарас, за еколошките, економските и социјалните ефекти од климатските промени. Во извештајот е вклучена […]

Достигнати се температурни рекорди на Алпите

декември 13, 2023

Годинава, метеоролозите го забележаа најтоплиот септември на Алпите од почетокот на температурните записи, пренесува германската агенција ДПА. Резултатите ги објавуваат Германската метеоролошка служба, ГеоСвер Австрија и МетеоСвис во тековното издание на нивна заедничка публикациска серија. На почетокот на август, има и рекордни врнежи во Јужна Австрија и соседните алпски региони на Италија и Словенија кои […]

Атмосферско-океанскиот феномен „Ел Нињо” ќе биде присутен и во 2024 година

октомври 20, 2023

Според најновите прогнози на Обединетите нации, климатскиот феномен „Ел Нињо” ќе трае најмалку до првата половина на 2024 година, а врнежите низ Јужна Америка го зголемуваат стравот за земјоделието, пренесува Ројтерс. Температурите на површината на морето на Тихиот Океан се зголемиле во последните месеци, „со посилно затоплување по јужноамериканскиот брег“, се вели во извештајот на […]

Емисиите на јаглерод диоксид не може да се решат само со пошумување

октомври 12, 2023

Не е точно дека во светот не се садат дрвја за да се намали емисијата на јаглерод диоксид, но таа мерка не е единствената која е доволна. Не е точно ниту дека елити создаваат природни катастрофи со цел да го контролираат населението и потоа да нудат решенија со кои им се намалуваат слободите на граѓаните. […]

Климатската криза нè чини 16 милиони долари на час, покажува новото истражување

октомври 10, 2023

Во последните 20 години штетата предизвикана од екстремните временски услови чинела 16 милиони долари на час, покажува ново истражување, а пренесува „Гардијан“. Бурите, поплавите, топлотните бранови и сушите имаат одземено многу животи и уништено голем број имоти во последните декади, додека глобалното затоплување само ги зачестува и засилува катастрофите, се вели во истражувањето. Оваа студија […]

Нема линк меѓу ХААРП програмата, коронавирусот, вакцините и климатските промени

август 9, 2023

Постот произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна, дека вакцините биле смртоносни и дека климатските промени се лажни, односно се прават со помош на системот ХААРП. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето. Нема докази дека вакцините предизвикуваат смрт. Тврдењето дека климатските промени не […]

Грета Тунберг казнета од шведскиот суд за непочитување на полициска наредба

јули 24, 2023

Грета Тунберг е казнета од шведскиот суд откако беше прогласена за виновна, за непочитување на полициската наредба за напуштање протест за клима, соопштува Гардиен. Активистката која од 2018 година стана заштитно лице на младинското движење за климата, призна дека учествувала на протестот во Малме во јуни, но се изјасни дека не е виновна, со образложение […]

Суровоста на климатските промени: oд невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]

јули 24, 2023

Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни […]

Токму јаглерод диоксидот, испуштен од човекот во атмосферата, придонесува за климатските промени

јули 22, 2023

Причината за глобалното затоплување е човечки фактор, најмногу поради придонесот на емисии на CO2 во атмосферата. Наводното испуштање „од авиони на милиони тони тешки метали“ нема никаква врска со ефектот на стаклена градина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, заедно со фотографија од […]

Се заканува ново силно невреме, вчерашното заврши со повеќе жртви

јули 20, 2023

По силното невреме кое вчера го погоди регионот, Дирекцијата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи на Хрватска соопшти дека доаѓа нова облачност од Славонија и дека се можни врнежи со грмежи. Тие објавија и инструкции на Твитер како луѓето да се однесуваат во екот на невремето, од кои една од најважните е да […]

Страна 1 од 3