Достигнати се температурни рекорди на Алпите

Забележан е најтоплиот септември на Алпите од почетокот на температурните записи

https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Mont_Blanc_oct_2004.JPG

Годинава, метеоролозите го забележаа најтоплиот септември на Алпите од почетокот на температурните записи, пренесува германската агенција ДПА.

Резултатите ги објавуваат Германската метеоролошка служба, ГеоСвер Австрија и МетеоСвис во тековното издание на нивна заедничка публикациска серија.

На почетокот на август, има и рекордни врнежи во Јужна Австрија и соседните алпски региони на Италија и Словенија кои доведоа до поплави. Има и неколкудневни и месечни температурни рекорди, почнувајќи од јули 2023 година.

По почетниот топлотен бран во јули, следеше уште еден бран кон крајот на август со нови рекордни температури. На пример, во Сион, Швајцарија температурите достигнаа 37,6 степени Целзиусови.