Најтоплиот март во Германија од најмалку 1881 година

Споредено со претходниот споредбен период од 1991 до 2020 година, температурата се зголемила за 2,9 степени

Фото: Hauke-Christian Dittrich/dpa

Никогаш, од 1881 година и откако германските метеоролози систематски ја мерат температурата, немало потопол март во земјата од оној што штотуку заврши, соопшти германската метеоролошка служба DWD, а пренесе германската новинска агенција ДПА.

Просечната температура во Германија бИЛА 7,5 степени, четири степени над меѓународно важечкиот референтен период од 1961 до 1990 година.

Споредено со претходниот споредбен период од 1991 до 2020 година, температурата се зголемила за 2,9 степени.

Метеоролозите ги забележале последните два последователни месечни рекорди во април и во мај 2018 година.

Најстудено во Германија минатиот месец било на 19 март во Хеуерсверде, Саксонија –   минус 7,3 степени.

„Соседна Долна Лужица, пак, на 30 март имаше речиси летни температури“, наведува DWD.

Тој ден во Котбус и Клишен кај Торгау температурата била 24,9 степени.

Во март имало и невообичаено малку врнежи, со околу 46 литри на метар квадратен, што е петтина под просекот од 57 литри од референтниот период 1961-1990 година и 1991-2000 година.

Со 120 сончеви часови, март исто така бил посончев отколку во 1961-1990 година со тогашниот просек од 111 сончеви часови.

Најсончевото место во Германија во март бил главниот град на Германија, Берлин, со 121 часови сончеви денови.