Повозрасните лидери нè туркаат кон климатска катастрофа, вели поранешниот шеф за животна средина на САД

Стерн кажува дека со правилно искористување на ресурси, светот би можел да ги намали емисиите на нето нула до 2050 година.

https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Special_Envoy_Stern_Participates_in_a_Facebook_Chat_(Pic_2).jpg

Политичките лидери кои се претставуваат како „возрасни“ додека го забавуваат темпото на климатските активности, го туркаат светот кон подлабока катастрофа, предупреди поранешен шеф за животна средина на САД, а соопшти Гардијан. 

„Ние сме забавени од оние кои се сметаат за возрасни и веруваат дека декарбонизацијата со брзината на којашто бара климатската заедница е нереална“, рече Тод Стерн, кој служеше како специјален пратеник за климатските промени во времето на Барак Обамa.

Стерн кажува дека со правилно искористување на ресурси, светот би можел да ги намали емисиите на нето нула до 2050 година.

„Очигледно е дека е тешко – зборуваме за огромни промени во светската економија – но ние можеме да го направиме тоа,” кажува тој.

Стерн рече дека всушност одложувањето на акцијата за намалување на емисиите на стакленички гасови доведува до катастрофа со оглед на климатската криза, која се случува побрзо отколку што било предвидено кога бил потпишан договорот во Париз.

„Лидерите кои тврдеа дека се возрасни, и кажуваа дека темпото на дејствување треба да се забави, мора сега да бидат искрени за алтернативите. Исто како што политичките лидери презедоа брза акција за да го спречат ширењето на Ковид-19 во 2020 година, така и тие сега мора да се соочат со последиците од забавувањето на климатските активности,“ изјави Стерн.

Дополнително, повика на посилни демонстрации од граѓанското општество за поддршка за климатските активности.

Стерн прво го даде своето предупредување на предавање во Лондонската школа за економија во петокот вечерта, во чест на британскиот државен службеник Пит Бетс, кој служеше како главен преговарач на ЕУ за климата за договорот од Париз.