fbpx

Казни од 1.500 до 2.000 евра за движење во шуми за време на топлотниот бран

Казни од 1.500 до 2.000 евра ќе биде изречена на лицата кои нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шуми и шумско земјиште, поради високите температури, информираат од Министерството за земјоделство

-

Казни од 1.500 до 2.000 евра ќе биде изречена на лицата кои нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шуми и шумско земјиште, поради високите температури, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерството по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

„Делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, за временски период од 17.07.2023 година, во терминот од 06.00 до 20.00 часот. Делумната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат“, соопштуваат од министерството.

За непочитување на оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изречат глоби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...