fbpx

Сообраќајната полиција вчера изрекла 815 казни за брзо возење

Од нив 52 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина

-

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера (18 февруари 2024 г.) санкционирала дури 815 возачи кои со своите возила се движеле со брзина поголема од дозволената.

„Од нив 52 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 397 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 418 надвор од населено место“, соопшти МВР.

Од таму најавија дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...