Во Скопје сообраќајците санционирале 149 возачи

Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за некористење сигурносен појас...

Фото: МВР

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во текот на вчерашниот ден вршел сообраќајни контроли, при што на територијата на главниот град изречени се вкупно 149 мерки.

Меѓу нив, за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за некористење сигурносен појас…

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, порачува МВР.