понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: високи температури | 67 резултати

Пеколни жештини и температури над 40 степени до вторник, во недела и пороен дожд

јули 3, 2025

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека до вторник времето ќе биде многу топло, дневните температури во целата земја ќе бидат над 30, а во многу делови и над 40 степени Целзиусови. Топлиот бран се очекува да се намали од среда, кога ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура. […]

Недела, 21 јули – најтопол ден откако се вршат мерењата во светот

јули 23, 2024

Неделата, 21 јули, во просек бил најтоплиот ден од мерењето на температурата во светот, покажуваат прелиминарните податоци на организацијата Коперник, агенција на ЕУ за климатски промени, пренесе Ројтерс. Просечната глобална температура на воздухот достигнала 17,09 степени Целзиусови во неделата, што е малку повисоко од претходниот рекорд од 17,08 степени минатата година. Во текот на изминатата […]

Се молиме за дожд – во лето да ги изгасне пожарите, во зима да го намали загадувањето

јули 23, 2024

Високите температури и долготрајниот сушен период деновиве резултираат со катастрофални пожари низ целата земја. Огнената стихија ги голта шумите, го уништува биодиверзитетот и живеалиштата на многу животински и растителни видови, а се заканува и на луѓето и нивните домови. Климатските промени се реалност од поодамна, а нивните последици ги гледаме и ги чувствуваме секојдневно. Температурите, […]

Владините лопати се фрлаат и на 40 степени

јули 17, 2024

Топлото време и екстремно високите температури не беа пречка премиерот Мицкоски, повеќе владини и локални функционери, во најтоплиот период од денот – од 12 до 14 часот, да фрлаат лопати и да ги изложуваат на 40 степени Целзиусови градежните работници, како и луѓето кои беа дојдени на овие настани во Охрид. Ваквите теренски активности се […]

Жештините не попуштаат, денеска и утре температури до 43 степени

јули 15, 2024

Жештините нема да попуштат ниту неделава. Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека високите температури ќе се задржат и во следните денови. Од четврток, пак, повторно почнуваат попладневните поројни дождови со грмежи и ветер, но температурите нема да се намалуваат. Портокаловота фаза ќе трае и неделава, а ќе важат и сите препораки за заштита на граѓаните. […]

Скопски „Водовод“ со апел водата во најтоплите денови да се користи внимателно

јули 12, 2024

Да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. „Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи […]

Прекршочна од Ѓорѓиевски за Комунална, тие тврдат дека чистат

јули 10, 2024

Во главниот град, во текот на летото кое е во полн ек, многу локации се полни со смет. Јавното претпријатие Комунална хигиена не успева да го исчисти, што го прави проблемот со ѓубрето уште поголем и со кој надлежните веќе подолг период потешко се справуваат. Проблемот за ѓубрето повторно го актуелизираше Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на […]

МОН: Учениците да имаат скратени часови поради високите температури

јуни 12, 2024

Основните училишта да работат со скратени наставни часови до крајот на учебната година поради високите температури кои ја зафатија државата, препорачува Министерството за образование и наука (МОН). Од министерството препорачуваат: основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, притоа внимавајќи да се запази суштината на наставната материја која се изучува; училниците […]

Повеќе од 50 луѓе во Индија починале од топлотен удар во изминатите три дена

јуни 3, 2024

Повеќе од 50 луѓе во Индија починале од топлотен удар во изминатите три дена, како последица на екстремните температури кои зафаќаат региони во земјата, пренесува Би-би-си. Во Индија моментално се одржуваат парламентарните избори, кои траат повеќе од четириесет денови. Некои од починатите биле лица кои работеле на избирачките места, вклучително и чувари и лица одговорни […]

Ја живееме најтоплата година во историјата: климатските промени го менуваат целиот систем

ноември 17, 2023

Октомври го достигна „најтоплиот рекорд“, односно на глобално ниво бил за 1,7 Целзиусови степени потопол од генералниот просек за овој месец. Ова е петти месец годинава кој глобално гледано е потопол во однос на истите месеци во минатото, по што речиси е сигурно дека 2023 ќе биде најтоплата година во историјата. „Ваквото уривање рекорди е […]

Топлотниот бран во Европа не би се случил ако не беа климатските промени

јули 26, 2023

Климатските промени влијаат на појавата на топлотни бранови, кои последниот месец ја зафатија Европа, Северна Америка и Кина, пишуваат во својот нов извештај, од од Светската временска атрибуција, која претставува соработка на меѓународни климатолози. Во анализата се посочува дека без влијанието на климатските промени, топлотниот бран во Европа и Северна Америка би бил „речиси невозможен“. […]

Инспекторите на терен: И покрај забраната, работници над 60 години асфалтираат улица во Кисела Вода

јули 24, 2023

Ненајавена посета на две градилишта во општина Кисела Вода денеска имале министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, заедно со тим инспектори. Целта на нивното излегување на терен за време на забраната за работа на отворено била да увидат дали се почитуваат мерките поради портокаловата […]

Пијте вода и туширајте се пред спиење, ИЈЗ со препораки за топлите ноќи

јули 24, 2023

Испијте најмалку една чаша вода пред спиење и чувајте во ваша близина вода во текот на ноќта, а за спиење изберете широка и памучна облека. Ова се дел од препораките за граѓаните што денеска ги објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заради жешкото време и високите температури. „Во жешките ноќи, нашето тело станува тешко да […]

Суровоста на климатските промени: oд невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]

јули 24, 2023

Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни […]

Грција се соочува со најтоплиот јулски викенд во последните 50 години

јули 22, 2023

Грција се соочува со најтоплиот јулски викенд во последните 50 години, велат синоптичарите, додека во земјата беснеат голем број шумски пожари, пишува Гардијан.  Продолжениот топлотен бран се очекува да трае до следната недела. Министерствата издадоа апел и совети до луѓето да работат од дома, каде што е тоа можно, и да не излегуваат непотребно. Поради […]

ОН: Топлотните бранови се новото нормално – САД и Кина надминаа 50 степени Целзиусови

јули 18, 2023

Екстремните температури што ја зафатија земјината топка неделава, се новото нормално во светот загреан од климатските промени, соопшти метеоролошката агенција на Обединетите нации. Во делови од САД и Кина температурите во неделата надминаа 50 степени Целзиусови, пренесува Би-би-си. Светската метеоролошка организација предупреди дека топлотниот бран во Европа може да продолжи и во август. Милиони луѓе […]

Хронично болните нема да бидат ослободени од работа поради топлотниот бран, можат да земат боледување

јули 18, 2023

Засега Министерството за здравство нема да предложи хронично болните лица да бидат ослободени од работните обврски, поради топлотниот бран што ја зафати Европа, но и светот. Од Министерството за здравство за Мета.мк велат дека на последната владина седница, завчера, биле усвоени сетот препораки за заштита на граѓаните од енормно високите температури и портокаловата фаза во […]

Продолжува портокаловата фаза – од денеска забрана за движење во шумите и заштитените подрачја

јули 17, 2023

Портокаловата фаза во којашто се наоѓа земјава продолжува и денеска и се очекува да трае во следите десетина дена. Оваа информација ја соопштија вчеравечер од Владата, по одржаната седница на која била разгледана Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекува да продолжат и деновиве. Портокалова фаза летово за првпат беше прогласена […]

Турција со пеколни температури – жителите и туристите бегаат по околните острови [фото-вест]

јули 15, 2023

Турција, исто како и многу делови од светот се бори со последиците од климатските промени, со оглед на тоа што и таму се засилува жешкиот топлотен бран. Редакцијата на Мета.мк пренесува дел од атмосферата во Истанбул, каде што голем број жители и туристи деновиве се упатуваат на разладување кон околните острови, чекајќи ред за траект. […]

Синоптичарите меѓу најранливите од високите температури – речиси половина се ослободени од работа

јули 14, 2023

Речиси 50 отсто од синоптичарите вработени во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од вчера се ослободени од работа, откако на сила стапија мерките и препораките за заштита од високите температури. Тоа е така зато што имаат над 60 години и спаѓаат во најранливите групи население, кои, заедно со бремените жени, се ослободени од работните обврски […]

Страна 1 од 4