fbpx

Ангелов презентираше алатка за прогнозирање пожари во државата

Станува збор за мапа на Македонија, каде што е прикажано во кои делови има сува вегетација, а согласно со тоа и индекс за пожар

-

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција ја презентираше алатката за прогнозирање пожари. Станува збор за мапа на Македонија, каде што е прикажано во кои делови има сува вегетација, а согласно со тоа и индекс за пожар.

На мапата можат да се видат сувите делови со цел да се прикажат ризичните територии, за да се знае каде треба да се засилат контролите.

Ангелов нагласи дека за гаснење на евентуални пожари, предизвикани од високите температури и топлотниот бран што ја има зафатено речиси цела Европа, државата е опремена со три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (еден е во државата, а два треба да пристигнат), два армиски хеликоптера, два полициски хеликоптера, на располагање се 935 професионални пожарникари, 110 доброволни пожарникари, 86 цистерни, едно хемиско возило, 38 противпожарни возила, 53 теренски возила и други алатки за помош при избивање пожар.

„Се надевам дека оваа година ќе бидеме уште поподготвени за превенција на пожарите и намалување штета”, изјави Ангелов.

Ангелов потенцираше дека 90 отсто од причинителите на пожарите е човековиот фактор. Испрати апел овој период од годината да не се пали оган на отворено, или на шума.

„Особено апелираме до пушачите кои се движат во природа, во планините, да бидат исклучително внимателни при фрлањето на цигарите, најдобар начин тие да бидат изгаснати во мало шише со вода. Апелираме да не се користат плински уреди, кои понекогаш планинарите знаат да ги користат за варење на кафе. Апелираме до сточарите да не ги палат пасиштата, и до земјоделците да не ги палат стрништата“, рече Ангелов.

Како што информираше, во 2020 година штетите од пожарите финансиски се проценети на околу 21 милиони евра, додека во 2021 кога беа големите пожари во Малешевијата, но и генерално на територијата на целата држава, штетата била околу 38,2 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...