fbpx
Таг: Stojanche Angelov

таг: Stojanche Angelov

Ангелов: Пожарите од година во година се сè позачестени и поинтензивни

Појавата на пожари на отворен простор, што вклучува пожари во шуми и на шумско земјиште, пасишта, земјоделско земјиште и други отворени површини, од година во година е сè позачестена и поинтензивна, рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, кој денеска ја отвори Регионалната работилница во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите за одговор на безбедносните...

Ангелов: Состојбата со пожарите е алармантна, пожарникарите и пилотите се исцрпени

Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало 60 пожари, информираше утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. И покрај вчерашното, како што вели, интензивно гаснење, шест пожари на отворено гореле во текот на целата ноќ и сè уште се активни. Во текот на викендот,...

ЦУK: Во пожар кај селото Селемли експлодираа гранати од Прва светска војна

Денеска на пладне избил голем пожар на границата со Грција, меѓу Богданци и Дојран, каде што се слушале силни експлозии на гранати од Првата светска војна, информираа во Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Пожарот е во атарот на селото Селемли, но поминува преку линија на фронт од Првата светска војна, каде што има многу мини и гранати кои досега...

Во пожарот кај Бељаковце и Руѓинце изгореа три куќи и две помошни простории

Две стари куќи и две помошмни простории изгореа во пожарот кој избувна синоќа во селото Бељаковце, а пламените јазици пеплосаа и напуштена куќа во селото Руѓенце. Како што информира Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, иако се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучиле во текот на ноќта да гасат...

Локализиран пожарот кај Свети Николе, во моментов се активни девет пожари

Пожарот во светиниколско е локализиран, благодарение на локалните пожарникари, доброволните пожарникари и храбрите пилоти на полициските хеликоптери, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој додаде дека во моментов се врши проверка и догаснување на пожарот. Станува збор за пожар кој се појавил денеска околу пладне во Кривчева река, а гореле сува трева и ниска вегетација. Од ЦУК...

Ангелов презентираше алатка за прогнозирање пожари во државата

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција ја презентираше алатката за прогнозирање пожари. Станува збор за мапа на Македонија, каде што е прикажано во кои делови има сува вегетација, а согласно со тоа и индекс за пожар. На мапата можат да се видат сувите делови со цел да се прикажат ризичните територии, за да се...

ЦУК: Директорот Стојанче Ангелов го разгледа мостот кај с. Уланци

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со градоначалникот на Градско Кире Нацков, го посетија мостот кај селото Уланци во општина Градско, информираат во ЦУК. „По неофицијална пријава на градоначалникот, а и по јавувањето на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, за пријава на многу заглавени дрва, гранки и друг материјал на столбовите од...

Општина Аеродром контра Ангелов: Ова не е Твитер и кршење керамиди, за кејoт е одговорен Град Скопје

Општина Аеродром реагираше на вчерашната прес-конференција на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, тврдејќи дека тој ги измешал термините, поимите и надлежностите. Како што посочуваат од општината, Ангелов, наместо да ја вршел својата работа согласно законот, тој пласирал невистини и ја префрлал одговорноста. Оттаму потенцираат дека ако Ангелов ги познавал законите, ќе знаел дека обврска на институцијата...

Армиски и полициски хеликоптер го гасат пожарот на Криволак, воените магацини се дополнително осигурани

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов соопшти дека утрово изврши извидување на три активни пожари, од кои најголемиот е во Криволак. „Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што во моментов со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни“, истакна Ангелов. Вториот пожар...

Бројот на активни пожари се намалува, огнот во селото Раовиќ постојано се разгорува, жариштата ќе се бараат со термални камери

Бројот на активни пожари на територијата на С. Македонија се намалува. Во изминатите неколку денови стивнаа огнените стихии во Малешевијата, во Прилепско, Кумановско, а активни се помали локации во Скопско. Според информациите од Центарот за управување со кризи, вчера сè уште бил активен пожарот кај селата Дивље и Крушје и се ширел кон ливади со сува трева, но е...

Ангелов: Не помислувајте да го апсите Заев, ќе падне крв

Генералот Стојанче Ангелов и денеска со група граѓани протестираше пред Македонската радио-телевизија бидејќи јавниот сервис одбива да ги објави аудиоснимките од прислушуваните разговори што ги објавува претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Ангелов рече дека бара техничка влада, одржување избори во нормална атмосфера, а потоа народот да одлучи кому ќе му ја даде власта. Тој рече дека биле подготвувани меѓуетнички тензии...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...