Шорткат: Студенти го подготвуваат првиот македонски болид за светски натпревар во Хрватска

Новата епизода ќе биде објавена вечерва на сите наши канали на социјалните мрежи

Дваесетина македонски студенти во моментов го подготвуваат првиот македонски болид. Тркачкиот автомобил од лабораторијата на Машинскиот факултет треба да стигне на светски студентски натпревар во Хрватска. За нивната работа, патот што го одат и предизвиците на кои наидуваат дознајте повеќе преку нашиот разговор со Стефан, Георги и Масимо, кои се дел од тимот на MES Racing, во новата епизода на „Шорткат“.

Информираме за тоа како помина понеделничкиот студентски протест, за пожарите кои ни се случуваат среде зима, но и за резултатите од истражувањето за сајбернасилството во земјава.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на социјалните мрежи ИнстаграмЈутјубТикТок и Фејсбук.