fbpx

Силно невреме со грмежи и врнежи ја зафати Хрватска

Цивилната заштита в недела скоро за целата земја објави портокалово метео предупредување

-

Хрватскиот Хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) издаде портокалово предупредување за целата земја. Тие соопштија дека засилена облачност со дожд, врнежи и грмежи веќе го зафати северниот и дел од централниот Јадран, а ќе се прошири кон јужниот и кон западните краеви на внатрешноста, а најдоцна до доцните попладневни часови ќе стигне до Славонија.

„Истовремено можна е и посилна бура со грмотевици, поверојатно долж брегот. Највисоката дневна температура е претежно од 27 до 32, во Славонија и во внатрешноста на Далмација до 36 °C“, информираат од ДХМЗ.

Цивилната заштита в недела скоро за целата земја објави портокалово метео предупредување. Локално можна е појава на грмежи и град.

„Подгответе се за силни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и заштитете се од гром. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави, налети на ветер и град. Можни се прекини во активностите на отворено и сообраќајот“,  предупредија од хрватската хидрометереолошка служба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Платформата „Лице в лице“ и Борче Стаменов се добитници на државната награда „Мето Јовановски”

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“ се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, соопшти Министерството за култура. Наградата е највисоко признание...