fbpx

Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Северна Македонија е најдобар механизам за напредок на земјата

Задоволство по средбата со премиерот Димитар Ковачевски на Бледскиот стратешки форум изрази и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој односите помеѓу Македонија и ЕУ  ги оцени како одлични и ја пофали одлуката за уставни изменки

-

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Блед, Словенија каде учествува на Бледскиот стратешки форум, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

На средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се разговараше за актуелните случувања во врска со процесот на евроинтеграции на Северна Македонија. Двајцата премиери оценија дека европската интеграција е најдобар механизам за напредок на нашата земја, што меѓу другото ќе овозможи стабилна економија, повисок животен стандард за граѓаните и ќе донесе повеќе инвестиции.

Соговорниците разменија мислења околу процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што освен економски придобивки, ќе се обезбеди стабилност и безбедност на Балканот.

Република Северна Македонија, од Република Хрватска континуирано добива институционална поддршка во споделување на искуства во процесот на подготовка на пристапните преговори со ЕУ. Ковачевски и Пленковиќ, на средбата потврдија дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина.

Двете Влади ќе продолжат да се залагаат за продлабочување на билатералните односи како и зајакнување на економската соработка.

Задоволство по средбата со премиерот Димитар Ковачевски на Бледскиот стратешки форум изрази и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој односите помеѓу Македонија и ЕУ  ги оцени како одлични и ја пофали одлуката за уставни изменки.

Тој и на Твитер изрази целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставните амандмани и покрај, многуте политички предизвици, нагласувајќи дека иднината на Македонија е во ЕУ.

Шарл Мишел ја истакна важноста на поддршката од ЕУ за евроинтеграциите на Македонија. Двајцата лидери се согласуваат дека уставните изменки се шанса за напредок и просперитет, со позитивен влијание на регионот.

Премиерот Ковачевски, на Бледскиот стратешки форум ќе има свое излагање на попладневниот лидерски панел заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...