fbpx

Мишел: До 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување

Мишел, исто така, предложи да се воведе „confidence clause“ за земји што се членки на Европската Унија за да не блокираат земји кои сакаат да влезат

-

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел попладнево од Бледскиот 18. стратешки форум порача дека до 2030 година Европската унија мора да биде подготвена за ново проширување.

Според Мишел, токму тоа треба да биде еден од главните предизвици на Унијата. Следното проширување, а истакна и дека треба да се предвиди во новиот буџет на Европската комисија.

Мишел, исто така, предложи да се воведе „confidence clause“ за земји што се членки на Европската Унија за да не блокираат земји кои сакаат да влезат. Земјите аспиранти, според Мишел, треба да го почитуваат владеењето на правото, да се борат против корупцијата и криминалот и да ги спроведат реформите.

Тој во својот говор се осврна и на билатерлните конфликти од минатото и порача дека нивното решавање може да биде поболно од реформите, но истакна дека е неопходно.

„Нема соработка без помирување. И морам јасно да кажам: нема простор за конфликти од минатото во ЕУ. Вашите луѓе, особено младите, сакаат да бидат инспирирани од посветла, поправедна и попросперитетна иднина. Приклучувањето кон нашата Унија би било одличен доказ за колективен успех. Идеално, сите би се здружиле. Сепак, идните земји членки се во различни фази на нивниот пат кон ЕУ. Но, треба да се погрижиме минатите конфликти да не се внесуваат во ЕУ. И да се користат за блокирање на пристапот на нивните соседи и идните земји членки. Еден начин може да биде да се додаде таканаречена ‘клаузула за доверба’ во договорите за пристапување за да се осигура дека земјите кои штотуку се приклучиле, не можат да ги блокираат идните земји членки“, изјави Мишел..

На панелот учествуваат премиерите на Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, како и премиерите на Хрватска и Бугарија.

Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Северна Македонија е најдобар механизам за напредок на земјата

 

Форумот во Блед, годинава се одржува на тема „Солидарност за глобална безбедност“, и кој ќе трае утре и задутре. Ковачевски е придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека „2030 е годината која и ние ја определивме како целна година за членство во ЕУ, што е доказ дека со нашите европски партнери имаме иста цел“.

„После 10 години, денес во име на сите држави членки на ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување. ЕУ во наредните месеци треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето на ЕУ и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила“, вели Маричиќ, посочувајќи дека и ние треба да донесеме важни одлуки за иднината на државата и како сакаме да ја развиваме.

Според него не станува збор само за државнички процес, или пак само за стратешка цел, туку дека се работи за иднината на нашите деца и за успехот на државата.

„ЕУ испорача временска рамка и дава извесна европска перспектива на регионот за евроинтеграција, затоа чекањето не треба да е стратегијата што ја бираме. Наша обврска е да го искористиме моментот и со заедништво да ги завршиме задачите, со посебен фокус на реформите, да побрзаме 2030 Северна Македонија да е држава членка на ЕУ“, порача Маричиќ и истакна носењето на важни одлуки за иднината на државата не се само државнички процес, или пак само за стратешка цел, туку се работи за иднината на нашите деца и за успехот на државата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...