fbpx

Невремето направи пустош во Словенија, Хрватска и во Србија

Евидентирани се големи штети на приватни и јавни објекти, а голем број дрвја и гранки паднале на патишта, возила, дворови и други површини. Оштетени се голем број телефонски и електрични линии, се вели во хрватското полициско соопштение

-

Министерството за внатрешни работо на Хрватска извести дека во невремето што попладнево го зафати Загреб загинале 50-годишен пешак и 48-годишен возач на автомобил, а едно лице е тешко повредено по пад на градежен кран.

Градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ изјави дека вакво нешто досега не е видено во градот.

„И по сила и по штета, за половина час е причинета ваква штета. Ги замолувам граѓаните да останат во своите домови или канцеларии бидејќи јавниот превоз не работи и 85 проценти од трамвајските линии се во прекин“, рече тој.

Полицискиот центар за комуникации добил повеќе од 100 пријави за паѓање дрвја и штети предизвикани од невремето во областите Запрешиќ и Загреб.

Фото: Министерство за внатрешни работи на Хрватска

Во Бродско-Посавинската општина невремето по 17 часот го зафатило целиот округ, а едно лице починало во општина Черник како последица на паѓање на дрво врз возило.

„Евидентирани се големи штети на приватни и јавни објекти, а голем број дрвја и гранки паднале на патишта, возила, дворови и други површини. Оштетени се голем број телефонски и електрични линии. Беше свикана седница на Штабот за цивилна заштита и сите служби за итни случаи и комунални услуги се на терен“, се вели во полициското соопштение.

Има предупредувања и дека од Словенија доаѓа ново невреме, со прецизни насоки за тоа како граѓаните треба да постапуваат.

Неремето проследено со бура ја зафати Словенија, пред да се спушти кон Хрватска.

Едно лице загинало, а уште едно е повредено по пад на стебло на Блед. Други две лица се повредени во удар на гром во камп крај Мозирје, на северот на Словенија. Ширум земјата забележана е голема материјалната штета, пренесува новинската агенција STA.

Невремето вечерва пристигна и во Србија и остава пустош зад себе. Грмотевици и дожд проследени со силен ветар зафатија повеќе градови и села. Во неколку места има и прекин на струјата, на повеќе места ветрот откорнал и дрва, а според извештаите на ТВ Н1, при пад на дрво биле уништени автомобили во Нови Сад и во Панчево. Во Белград бил откорнат дел од зграда кој паднал на коловозот, но за среќа била избегната несреќа и не било погодено возило кое во тој момент поминувало на улицата.

Белградскиот аеродром извесено време беше затворен.

Припадници на Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија спасиле 15 лица од невремето што во вечерните часови ја зафати Србија, пренесува Н1. Десет лица, меѓу кои пет деца, спасиле пожарникарите од шумата во Беочин во населбата Дунав, а една жена е спасена од автомобил во Бегеч. Пожарникарите спасиле еден маж од чамец на кој паднало дрво на островот Рибарски во Нови Сад, додека пожарникарите од Крагуевац спасиле три лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...