fbpx

Арсовска удри по антикорупционерите: Се занимаваат со тривијалности и политички агенди

На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата беше најавена кривична пријава против Арсоввска, оти спротивно на законот ги именувала в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ) и на Зоолошката градина Скопје

-

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се огласи по денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата, од каде најавија дека против неа ќе биде поднесена кривична пријава, бидејќи спротивно на законот ги именувала в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ) и на Зоолошката градина Скопје.

Од Град Скопје векат дека жалат што за ова дознале од медиумите и дека „членовите на ДКСК ќе мора да ја докажат и сопствената надлежност во постапувањето по овој „предмет“ пред соодветна судска инстанца“.

„Жалиме што Државната комисија за спречување на корупција наместо да се занимава со она што е нивна надлежност и да констатира корупција, тие се занимаваат со тривијалности и исполнување на политички агенди. Секако, за барање на корупција онаму каде што навистина постои сомнеж треба и храброст. Одлика, која за жал не ги краси членовите на Антикорупциската комисија. Добро е сепак што ДКСК поднеле кривична пријава за која воопшто Град Скопје не е известен, а дознаваме од медиумите, за еднаш да се расчисти маглата која ја сеат разни политиканти“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Според комисијата, Арсовска го прекршила законот со тоа што именувала лица кои не биле вработени во овие јавни установи што е спротивно на чл. 31 од Законот за култура кој предвидува именување на в.д. директори од редот на вработените во тие установи и со мандат од само 6 месеци.

И Управниот суд минатиот месец утврди дека е незаконско решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ и побара од Град Скопје да го поништи решението.

Во Зоолошката градина по скандалот со колењето на коњи за кои пишуваше Мета.мк, беше сменет Кристијан Стаменов и на негово место за в.д. директор го назначи Драган Илиевски (кој не беше лице вработено во ЗОО Скопје), а тој во јануари годинава застана на в.д. директорското место во ЈП Водовод. Во моментов в.д. директор на скопската Зоолошка е Зоран Попов, кој е од редот на вработените.

Антикорупциска со кривична против Данела Арсовска дека незаконски назначила директори на МКЦ и ЗОО Скопје

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...