петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Зоо Скопје | 17 резултати

Галетановски најавува тужба против Град Скопје, ќе отвора фондација за спас на Зоолошката градина

18 октомври 2024

Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорги Галетановски, најави тужба против Град Скопје и Зоолошката градина, бидејќи и покрај тоа што поминаа два месеца од објавувањето на јавниот оглас за директор на установата каде што тој беше единствениот пријавен кандидат, нема никаква одлука. Неговите документи, како што вели тој, воошто не биле ниту разгледани, односно не […]

Долг процес до транспарентност: Како ЗОО Скопје се обиде да крие информации од јавен карактер?

24 февруари 2024

Точно два и пол месеци траеше голготата на редакцијата на Мета.мк да добие информации од јавен карактер од Зоолошката градина – Скопје, а во врска со прашања чии одговори не би требало да имаат одреден степен на тајност, ниту пак да бидат скриени од очите на јавноста. Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум […]

Скопската зоолошка градина го крие бројот на угинати животни

26 декември 2023

Јавноста остана без одговор на голем број прашања во врска со проблемите и угинувањето на животните во Зоолошката градина во Скопје годинава, како на пример, за причините на угинувањето на жирафата Каспер, за вкупниот број угинати животни во 2023 година, за причините зошто земјава го изгуби кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки […]

Зоолошката градина доби инклузивно игралиште за деца и лица со попреченост

9 декември 2023

Зоолошката градина доби инклузивно игралиште наменето за социјализација и рекреација на децата и лицата со попреченост. Игралиштето, кое го опреми Градот Скопје, се простира на површина од 200 метри квадратни и на него се поставени реквизити кои се соодветни и безбедни за користење за децата со попреченост. Во изминатите три месеци Градот Скопје набави нови […]

Арсовска удри по антикорупционерите: Се занимаваат со тривијалности и политички агенди

19 јули 2023

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се огласи по денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата, од каде најавија дека против неа ќе биде поднесена кривична пријава, бидејќи спротивно на законот ги именувала в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ) и на Зоолошката градина Скопје. Од Град Скопје векат дека жалат што за ова […]

Во Зоолошката градина за два дена убиени се повеќе од 10 коњи и мазги за храна за лавовите

14 јули 2022

Нејасно е од каде потекнуваат овие животни кои вчера и денеска се убиваат во Зоолошката градина во Скопје. Директорот на ЗОО, Кристијан Стаменов, тврди дека им биле доделени од страна на Агенцијата за одземен имот, додека директорот на Агенцијата, Фатон Асани, тврди дека во последниве пет години, откако е тој директор, не се случило да […]

Хана, Ана и Луна се избраните имиња за трите бели лавчиња во ЗОО Скопје

5 јули 2022

Луна, Ана и Хана се имињата кои граѓаните ги избраа за трите бели лавчиња од скопската зоолошка градина. „Изминатите денови добивме над 3000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. Ви благодариме што бевте креативни и […]

Жална вест од ЗОО Скопје, угина едно од двете бели волчиња

30 мај 2022

Едно од двете бели волчиња од загрозениот вид Арктички волк (Canis lupus arctos), чие раѓање Зоолошката градина Скопје го објави на 12 мај, угина. Оваа информација за Мета.мк ја потврди директорот на зоолошката градина Кристијан Стаменов. „Пред неколку дена едно од волчињата угина. Се очекуваат резултатите од обдукцијата. Другото волче е добро, прочистено е од […]

Бел коњ кој бил врзан на балкон во Дебар Маало спасен и однесен во зоолошка (Фото)

23 мај 2022

Акција за спасување на бел коњ кој бил оставен на балкон во напуштена куќа била спроведена синоќа во скопската населба Дебар Маало. Како што соопштија од ЗОО Скопје, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од коњот како стои на балкон во центарот на главниот град, екипи од Зоолошката градина, Агенцијата за храна и ветерина […]

„Шорткат“: Автохтони и исклучително ретки растенија во Ботаничката градина на ПМФ

7 април 2022

Околу 150 исклучително ретки растенија што ги има во нашата земја се наоѓаат и во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. Екипата на „Шорткат“ ја посети градината и во 31-вото издание прикажува интересни податоци и факти за автохтониот растителен свет што го затекнавме таму. Во најновата епизода на вестите за млади ја пренесуваме […]

Евровизиската претставничка Андреа дел од кампањата „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“

28 февруари 2022

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, е првата од нашите познати личности што се љубители на животните, која се приклучи на заедничката кампања „Нашите миленици се наше семејство, не ги напуштајте!“ на ЗОО Скопје и ЈП Лајка. Со цел за подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво Андреа сними видео преку кое заедно […]

Кампања на ЗОО-Скопје и ЈП Лајка: Не ги напуштајте милениците, тие се дел од семејството

9 февруари 2022

Земајки предвид дека кучињата и мачките имаат висока репродуктивна способност и се размножуваат со геометриска прогресија, што значи дека од еден пар кучиња или мачки за 8-9 години може да се добијат илјадници потомци од кои голем дел завршуваат на улица ЗОО-Скопје и ЈП Лајка започна кампања со цел подигање на свеста против напуштање на […]

Уште едно бебенце од реткиот вид белорак гибон се роди во Зоо Скопје

29 декември 2021

Зоолошката градина во Скопје објави уште една среќна вест. Во нивното животинско царство се родило уште едно бебенце, станува збор за редок вид белорак гибон. „Во Зоо Скопје, на мама Бетка и тато Џорџ им се роди уште едно бебенце од видот белорак гибон. Полот сè уште не го знаеме бидејќи не сакаме да ја […]

Страна 1 од 1