петок, 23 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Данела Арсовска | 170 резултати

Две години затвор за Љамалари, кој ја нападна градоначалничката Арсовска

2 септември 2025

Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Продолжена му е и мерката притвор, а како што потврдија од судот, во изречената казна ќе се засмета и времето кое обвинетиот го поминал во притвор. Инцидентот се случи […]

Општина Кисела Вода остана без ветената нова Противпожарна станица

14 август 2025

Без разлика што Општината ги направила сите подготовки и адаптации за нова Противпожарна станица и без разлика на сите кавги меѓу градоначалниците на скопските општини од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, само направените „подготовки и адаптации“, апелите за „поголема соработка меѓу локалната и централната власт“,  заложбите за „приоритетност на реформите […]

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

19 јули 2025

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од тие две жени не е само личен напад — туку порака до сите други жени кои размислуваат да се кандидираат или да се вклучат […]

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

15 јули 2025

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, донесе решени со кое жалбата е основана и мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ. ја замени со мерка притвор. […]

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

12 јули 2025

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ се заканувал и ја нападнал Арсовска додека таа заедно со службите од Град Скопје извршувала вонреден надзор на бесправна градба на улицата „Севастополска“ […]

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

12 јули 2025

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е целосно неприфатливо. „Амбасадата на Франција најостро го осудува овој чин на физичко насилство, како и вербалните напади денес упатени кон градоначалничката на Град Скопје, […]

Арсовска ја посети пречистителната станица на Скопје, тврди дека се гради во полна пареа

15 јуни 2025

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска сподели фотографии од градилиштето на пречистителната станица во Скопје, за која тврди дека интензивно се гради. Проектот, за кој тендерските постапки почнаа во 2020 година и кој долго време беше попречуван од различни ситуации и проблеми, требаше да биде завршен до 2026 година. И покрај доцнењето, Арсовска вели дека […]

Дивоградба е шесткатницата во Чаир, Обвинителството поведе истрага за управителот на фирмата

3 јуни 2025

Основното јавно обвинителство поведе постапка за управител на фирма, кој изградил шесткатница во Чаир на „Ќемал Сејфула“, без одобрение и на државно земјиште, соопштија денеска оттаму. „Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело […]

СВР Скопје го расчистува случајот со заканите кон Данела Арсовска

3 јуни 2025

Случајот со наводни закани упатени кон градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е под истрага на Секторот за внатрешни работи Скопје. „На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го […]

Мицкоски апелираше Арсовска заканите по живот да ги пријави во МВР, а ЈО да постапува по нејзините пријави

1 јуни 2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да се обрати во Министерството за внатрешни работи и да ги пријави заканите по живот, кои тврди дека ги добива откако почна да објавува документација за дивоградби кои се градат во општината Чаир. Мицкоски исто така го повика Јавното обвинителство да работи по пријавите на […]

ОЈО: Градоначалничката треба да соработува со јавното обвинителство и да посочи за кои парцели и згради се откриени сомненија за незаконитости

31 мај 2025

Основното јавно обвинителство Скопје испрати јасна порака до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска коишто гласат дека доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска и должност тоа да го дело да го пријави. „Градоначалничката треба да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се […]

Ганиу: Органите да постапат ако има нешто незаконски во Чаир, а не Арсовска да прави шоу

29 мај 2025

Ако има нешто незаконски во општина Чаир, редно е да постапат органите, а не градоначалничката Данела Арсовска да ја игра улогата на истражен орган, порача денеска градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Претходно Арсовска објави видеа на Фејсбук во кои го обвинува и повикува на одговорност за наводни дивоградби во општината. Ганиу денеска најави дека на […]

Контраспин: За дивоградбите во Чаир Меџити спинува преку општи одговори и контранапади врз Арсовска

29 мај 2025

Можеби Меџити е во право кога вели дека Арсовска не сработила ништо за Општина Чаир и спречила изградба или доградба на инфраструктурни инвестиции. Но, исто така е можеби точно тврдењето на Арсовска дека таа спречила досега 150 дивоградби во Чаир, исто како што документите што ги покажува за конкретните примери личат на фалсификати, а Обвинителството покрена […]

Течноста што се излеа во Пинтија веројатно е мазут, вели градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски

16 мај 2025

Течноста што вчера попладнето истече од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор е најверојатно мазут, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека тоа го потврдиле и од компанијата каде што настана хаваријата, наводно поради истекување на вентил под притисок. Во текот на вчерашната контрола, која ја направиле инспекторите […]

Орцаши на протест пред Град Скопје – „Нема Митко, нема мир!“

11 март 2025

„Да ги задржиме добрите луѓе на места каде што позитивно влијаат“, „Орцаши против неправда“, „Ние не сме ничии марионети“, беа само дел од транспарентите со кои денеска, пред бараките на град Скопје, десетици ученици од гимназијата „Орце Николов“, се побунија против одлуката на градските власти да биде разрешен директорот на училиштето, Митко Димовски, чиј мандат […]

Апликацијата СкопјеБус: Во градските линии корисна, во приградските само „на туркање“

1 март 2025

Пред три месеци ЈСП Скопје ја претстави новата мобилна апликација „SkopjeBus“ (СкопјеБус) која што требаше да го смени начинот на кој што се плаќа билет за возење во автобусите на јавниот превоз. Но, и по три месеци постоење на новата апликација и функцијата на новите уреди кои што се достапни во автобусите на ЈСП, модернизацијата […]

Студентите повторно жртви на инаетот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска

27 декември 2024

Четири дена пред крајот на годината, студентите во Скопје се оставени во неизвесност околу иднината на бесплатниот јавен превоз. Додека Владата најавува одлука за префрлање на средствата на 31 декември, од Јавното сообраќајно претпријетие Скопје (ЈСП Скопје) нема конкретни информации за тоа кога и како ќе се продолжи важноста на студентските билети. Ова може да […]

Згрешен број на шасија ги паркираше шесте нови еко-автобуси

20 декември 2024

Шесте нови еколошки автобуси кои се донација од Европската унија за Градот Скопје, речиси еден месец откако беа промовирани и претставени на јавноста пред бројни политичари и медиуми, останаа паркирани во депото на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП). За тоа, според ЈСП, има најмалку две причини. Првата е тоа што еден од автобусите бил […]

Молк во Град Скопје и „Водовод и канализација“ за исклучувањето на водата, во болниците ќе се оперираат само итните пациенти

19 декември 2024

По најавите дека во сабота главниот град ќе остане без вода, надлежните во град Скопје, односно во јавното претпријатие „Водовод и канализација“, не одговараат на прашањата на Мета.мк кои многумина си ги поставуваат – колкав период ќе нема вода, како и кои точно интервенции ќе се прават во водоводната мрежа. Граѓаните во паника купуваат вода […]

Расправијата меѓу градоначалничката Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го парализираше Скопје

20 ноември 2024

Свирежи од возила и пцовки, возење низ тротоари и преку тревни површини, нервозни возачи кои прават куп сообраќајни прекршоци, возила на Брза помош со вклучени ротациони светла кои нема шанси да се пробијат низ хаосот. Ваква е сликата попладнево во центарот на Скопје, но и во околните општини во метрополата, откако најголем дел од автобусите […]

Страна 1 од 9