Пендаровски се обрати на самитот на Глобалниот парламент на градоначалници

Овогодинешниот самит е насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“ и на истиот учествуваат над стотина градоначалници

-

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници којшто се одржува во Скопје од 17-19 ноември, а чиј домаќин е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, информираат од Кабинетот на претседателот.

Овогодинешниот самит е насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“ и на истиот учествуваат над стотина градоначалници, како и голем број на претставници на меѓународни организации.

Учесниците на Самитот преку структурирани пленарни дебати имаат можност да дискутираат на теми поврзани со итни глобални прашања во градовите, како и теми од повеќе области каде што би се имплементирале нивните позитивни искуства и можностите за вмрежување на градските лидери.

„Верувам дека овој Самит и воопшто работата на Глобалниот парламент на градоначалници може да придонесе сите наши градови, вклучувајќи го и Скопје, да станат подобри места за живеење“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Во Скопје пристигнаа градоначалници од пет континенти, кои ја одржаа седницата на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници со цел носење на стратешките заклучоци пред почетокот на годишниот самит.

Со размена на меѓународни искуства, меѓусебна соработка и заеднички проекти, градоначалниците преку глобалната платформа на Глобалниот парламент на градоначалници, се придонесува за надминување на предизвиците и подобрување на услугите на локално ниво во интерес на граѓаните.

Годинава, Самитот на Глобалниот парламент на градоначалници чиј домаќин е градоначалничката Данела Арсовска, ја додели престижната награда за глобални градови „Бенџамин Барбер“ на градоначалничката Рохеј Малик Лоу од Банџул, Гамбија. Со наградата Бенџамин Барбер се оддава признание на градоначалниците за нивниот исклучителен придонес во глобално урбано управување и инспиративно лидерство.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...