fbpx

Главната болница во Газа се празни од пациенти, Кан Јунис следен за напад

Кан Јунис е најголемиот град во јужниот дел на Газа, каде што побегнаа стотици илјади луѓе откако им беше кажано да се евакуираат од северниот дел на Појасот Газа. Бидејќи хуманитарната криза се влошува во преполниот град, предупредувањата на Израел сугерираат дека таму се можни воени операции

-

Израелските сили продолжија со пребарувањето на теренот на главната болница Ал Шифа во Газа, во период додека трае префрлањето на пациентите надвор од овој медицински центар. Израел вели дека станува збор за евакуација на пациентите преку безбедна рута надвор од болницата, додека Министерството за здравство на Газа предводено од Хамас вели дека во болницата има уште најмалку 120 пациенти, како и жители, пишува Би-би-си.

Израелските војници ја пребаруваат оваа болница во Газа, каде што велат дека Хамас има команден центар во тунелите под земјата. Тие пронајдоа некои скриени оружја, но досега не обезбедија докази за голем команден центар. Медицинскиот персонал од болницата вели дека ќе остане на локацијата до моментот додека има пациенти за кои треба да се грижат.

Во меѓувреме, израелските сили повторно фрлија летоци во градот Кан Јунис на југот од Појасот Газа, барајќи од жителите да го напуштат ова населено место и да се движат кон запад.

Кан Јунис е најголемиот град во јужниот дел на Газа, каде што побегнаа стотици илјади луѓе откако им беше кажано да се евакуираат од северниот дел на Појасот Газа. Бидејќи хуманитарната криза се влошува во преполниот град, предупредувањата на Израел сугерираат дека таму се можни воени операции.

Околу 26 Палестинци беа убиени во напад во близина на Кан Јунис рано во саботата, изјави здравствен претставник во градот. 23 лица се здобиле со сериозни повреди, по воздушен напад врз станбена зграда во градот Хамад, северозападно од градот. Повеќето од убиените се деца, објави новинската агенција Вафа, а израелската војска не го коментираше извештајот.

Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци во Газа објави дека не пристигнале ветените камиони со гориво, кои им се неопходни за нормално функционирање. Израел вчера вети дека ќе дозволи дневна испорака од по два камиони со гориво за Газа. Денеска не пристигнал ниту еден од камионите.

На оваа агенција и требаат најмалку 120.000 литри гориво секој ден, за да можат заедно со другите хуманитарни организации да продолжат со доставување помош на луѓето на кои им е потребна во Појасот Газа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...