Османи: Специјалната поштенска марка „За луѓето се работи“ ќе сведочи за нашето Претседавање со ОБСЕ

Денеска беше промовирана поштенска марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ

-

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи и директорката на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази денеска промовираа поштенска марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ, информираат од Министерството за надворешни работи.

На свечената промоција, која се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и странски амбасадори во државата.

Министерот Османи истакна дека овој настан ќе биде круна на Претседавањето со ОБСЕ, кое ја позиционираше земјата како еден од клучните играчи на меѓународната сцена.

„За сеќавањето од Претседавањето со ОБСЕ да биде трајно, се погриживме и преку издавање на посебно издание на свечена поштенска марка. Оваа поштенска марка ќе биде редок пример во филателистичките колекции ширум светот и ќе остане да сведочи на едно време на значаен напредок на државата на меѓународен план”, истакна Османи на промоцијата.

Зборувајќи на промоцијата на поштенската марка, директорката на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази, истакна дека преку поштенската марка не само што се претставува земјата, туку се испраќа и силна порака.

„Подадената рака, хуманоста и заштитата на луѓето не познава граници и треба да биде во фокус на нашата работа”, рече Абази.

Се бројат часови до одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој од 29 ноември до 1 декември ќе се одржува во Скопје, рече претседавачот Османи.

„Наша задача е да се покажеме како добри домаќини и немам сомнеж дека ќе го поминеме и овој тест со највисоки оценки. Во однос на оценките за Претседавањето на нашата земја со ОБСЕ сигурен сум дека тоа ќе остане како печат кај нашите партнери и пријатели”, рече Османи.

Министерскиот совет на ОБСЕ е најголемиот настан во историјата на Северна Македонија и по димензија и по значење за државата. На Министерскиот совет се очекува да присуствуваат 76 делегации на држави-учеснички и партнери на ОБСЕ претставени на ниво на министри за надворешни работи или повеќе од 1.000 претставници на делегации.

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија за спречување...

Трамп нареди објавување на илјадници класифицирани досиеја за атентатите на Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на функционерите да направат планови за декласификација на документите поврзани со три атентати - на Џон Ф. Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг...

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен...

Уште четири лица осомничени за терористичка организација

Под раководство на јавен обвинител, вчера била спроведено координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции, во рамки...

Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк. „Државната комисија...