Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се доби впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април

-

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но, иако тој лично не присуствуваше, во Струга вчера се одржа централниот митинг и кампањата за претседателските избори на Европскиот фронт продолжува, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

Османи ги прекинува предизборните активности, за причините се огласи на Фејсбук.

Во рамките на објавата е споделен текст со идентичен наслов.

Истата објава ја има и тука. како и на многу други места. Но, на насловот во овие написи му недостига контекст. Османи не ги прекинува целосно предизборните активности, како што се добива впечаток од насловот, туку само тој ден (16.04.2024). Што може да се види кога ќе се прочита написот.

А, во него се цитира објавата на Османи:

Почитувани поддржувачи, Од здравствени причини во семејството ќе ги прекинам денешните предизборни активности. Се надевам дека ќе бидам со вас на централниот состанок вечерва ако се биде во ред. Ви благодариме за разбирањето!

Во самата објава на Османи, пренесена во текстот,  јасно стои дека ги прекинува денешните предизборни активности (16.04.2024). Тој дури вели и дека доколку успее ќе биде дел од централниот митинг вечерва (митингот во Струга 16.04.2024). А насловот, пак, алудира како да се откажува од предизборната кампања во претседателските избори. Од насловот читателите добиваат  впечаток како Османи да се откажал од претседателската трка.

Предизборната кампања на претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи продолжи синоќа во Струга, каде во ЦК „Браќа Миладиновци“ се одржа централниот митинг на кој пред стружани беше претставена програмата на Османи, а на кој.присуствуваше и екипата на Вистиномер.

Митинг Европски фронт Струга 16.04.2024 Фото Вистиномер

Програмата ја претставија Талат Џафери, Али Ахмети, Муса Џафери и Јетон Шакири. На стартот на вечерашниот митинг беше кажано дека, за жал, од приватни причини Османи не е во Струга, но неговите сопартијци зборуваа за предизборната програма и ги повикаа стружани да го дадат својот глас за кандидатот на Европскиот фронт.

Од коалицијата Европски фронт велат очекуваат нивниот кандидат што поскоро да ги продолжи предизборните активности.

Поради горенаведените факти оценуваме дека на објавите на социјалните мрежи и на насловите од овие написи им недостига контекст. Станува збор за многупати досега видена манипулативна техника каде што насловот наведува на нешто сериозно или значајно и сензационално, а во самиот напис се вели нешто сосема друго или, пак, од деталите во текстот од написот се гледа дека во веста нема ништо посебно сензационално, туку насловот е составен на таков начин за да се креира забуна и да се добијат кликови.

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Руските вооружени сили продолжуваат со воените операции во Украина

Руската војска потврди дека нејзините сили ги продолжиле нападите врз Украина по  „велигденскоти примирје“, пишува Гардијан.  „Со завршувањето на примирјето, вооружените сили на Руската Федерација продолжија да ја спроведуваат специјалната воена операција“,...

Почина папата Франциск

Папата Франциск почина на 88-годишна возраст, соопшти Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше бискуп на Рим и духовен водач на повеќе од милијарда верници, стана папа во 2013 година, откако неговиот...

АХВ: Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило...