четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: ОБСЕ | 225 резултати

ОБСЕ со повик за апликации за Советодавната група на млади

9 август 2025

Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави повик за членови на Советодавната група на млади (Youth Advisory Group – YAG), чија цел е да обезбеди интегрирање на претставничките младински гледишта во политиките, планирањето и програмските активности на Мисијата. Групата ќе дава значаен придонес во однос на младинските потреби, приоритети, аспирации и предизвици, како и во подигање […]

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

16 јули 2025

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот профил на Мисијата, пренесува „Н1“. „Ја поздравуваме брзата реакција на српската полиција и обвинителство во истрагата за овие закани, согласно обврските на Србија од […]

Македонија ги игнорира препораките на ОБСЕ-ОДИХР за измени во Изборниот законик

26 април 2025

Северна Македонија низ годините речиси целосно ги игнорираше сите препораки на ОБСЕ-ОДИХР за измените во Изборниот законик. Со последните измени во март 2024 година, овој закон обележа регрес и и покрај меѓународните предупредувања им го отежна кандидирањето на независните листи. Горјан Јовановски од независната листа „Зелен Хуман Град“ се надева дека Уставниот суд ќе го […]

Најгорлив проблем кај Ромите е обезбедувањето здравствена заштита и осигурување

11 ноември 2024

Најголем напредок кај Ромите е направен во однос на образованието, како и во обезбедувањето на трајно решение на граѓанскиот статус на Ромите што не се евидентирани во матичните книги во државата. Најгорллив предизвик е обезбедувањето здравствената заштита и осигурување на Ромите, ниското ниво на застапеност во јавниот сервис, во културата и несразмерно учество на Ромите […]

Ангажирани 320 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за претстојните двојни избори

21 март 2024

Вкупно 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР) ќе бидат ангажирани за претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија на 24 април и на 8 мај, најави на амбасадорката на Канада Џилиан Стирк, која ќе ја предводи мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Долгорочните набљудувачи ќе бидат распоредени низ […]

Бугарија не дозволи прелет на авионот на Лавров поради санкциите против Захарова, а не поради С. Македонија

13 декември 2023

Дел од руската делегација на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје беше и портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, чие присуство во рускиот авион ја натерало Бугарија да ја отповика дозволата за прелет над нејзина територија. Но, причината никако не е билатералниот спор што постои помеѓу Македонија и Бугарија, како што алудира […]

Преку стари теории на заговор за „западните педофили“ се шират дезинформации за убиството на Вања

12 декември 2023

Објавата изобилува со добро познати теории на заговор, избегнувајќи ги притоа фактите и доказите за случајот со исчезнувањето и смртта на 14-годишната Вања, кои институциите ги презентираа во јавноста. Не е точно дека Вања ја киднапирале некакви светски педофили и за да се прикрие тоа било соопштено дека девојчето е убиено. Безживотното тело на Вања […]

Не е вистина дека полицијата го криела убиството на Вања поради Самитот на ОБСЕ

8 декември 2023

Тврдењата дека полицијата знаела дека Вања е убиена, но криела поради Самитот на ОБСЕ, се дезинформација и чиста шпекулација. Додека се одржуваше Самитот во Скопје, полицијата формираше специјален штаб кој работеше деноноќно на пронаоѓањето на девојчето. Веднаш по приведувањето на петтемина осомничени и нивното испрашување и по добиените сознанија за убиството на тинејџерката, веста беше […]

Рускиот наратив на Советот на ОБСЕ во Скопје: Запад е виновен за сè

2 декември 2023

Советот на министри на ОБСЕ во Скопје, на кој се решаваше за натамошното постоење на организацијата, беше подиум на кој Москва „блесна“ со своите дезинфо наративи и ја потврди длабоката непомирливост со западните демократии. Но, сите руски наративи, искажани преку шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, се сведуваа само на една флоскула: „Западот е виновен за сè“, […]

Османи: Русија со видливи чекори го дестабилизира Западниот Балкан

1 декември 2023

Актуелниот претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи денеска изјави дека Руската Федерација претставува фактор на дестабилизација во регионот на Западен Балкан. За разлика од поддршката на САД и ЕУ за С.Македонија и целиот регион, Русија не ја игра идентичната улога во Западниот Балкан. Руската Федерација е таа која преку […]

Постигнат договор – Малта е новиот претседавач на ОБСЕ за 2024

1 декември 2023

На Министерскиот совет на ОБСЕ беше постигнат консензус од сите 57 земји-членки за Малта да биде иден претседавач со Организацијата во 2024 година, соопшти попладнево актуелниот претседавач и министер за надворешни работи Бујар Османи. Османи информираше дека успеале да постигнат консензус за да го одржат мандатот на четворицата извршни лидери на Организацијата, чиј мандат истекува […]

Лавров направи театар во Скопје: Наместо одговори, се расправаше со новинари

1 декември 2023

Русија од пресот на Сергеј Лавров денеска направи пропаганден театар во срцето на Скопје, a со цел да го засени последниот ден и заклучоците од Министерскиот совет на ОБСЕ. Уште пред да заврши прес-конференцијата на нивниот министер за надворешни работи, Руската амбасада во Скопје објави пост на Фејсбук со кој го портретира Лавров дека не […]

Усвоена заедничка изјава за безбедност на новинарките

1 декември 2023

Четириесет и шест од вкупно 57 земји членки на ОБСЕ, денеска се согласија на заедничка изјава за безбедност на новинарки, во која е наведено дека како приоритет ќе биде ставено клучното прашање за безбедноста на новинарките на интернет и на меѓународната сцена. На крајот на триесеттиот Министерски состанок на ОБСЕ, односно на третата пленарна седница, […]

Лавров се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ, Османи и Борг

30 ноември 2023

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ – македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и малтешкиот министер за надворешни работи Иан Борг, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Како што информираат од руската страна, на средбата се разговарало исклучиво за состојбата во која што […]

Украинскиот амбасадор во ОБСЕ: Не можеме да градиме иднина на ОБСЕ со земја-киднапер на нашата иднина

30 ноември 2023

Симболично, покажувајќи пет зрна изгорени од Русија со ирански дрон, Евгениј Цимбаљук во обраќањето на Министерскиот совет во Скопје, рече дека Русија досега има уништено стотици илјади тони житарки, со што, како што нагласи, остави многу семејства низ целиот свет без храна. Тој во своето обраќање изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина […]

Бербок од Скопје го повика Путин да ја прекине војната во Украина

30 ноември 2023

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок побара од рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине агресијата врз Украина, јавува германската новинска агенција ДПА.  „Сопрете го неописивото страдање кое го донесовте на милиони луѓе“, инсистираше денеска Бербок на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров […]

Министрите потпишаа заедничка изјава за борба против корупција во Југоисточна Европа

30 ноември 2023

Како пропратен настан на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, денеска беше потпишана Заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација. Заедничката изјава ја потпишаа актуелниот претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, босанскиот […]

Лавров најде нацисти во Кијив и балтичките земји, делегации го напуштија неговиот говор

30 ноември 2023

Конфронтирачка реторика во своето излагање имаше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. За време на неговиот говор, неколку делегации ја напуштија сесијата во знак на протест против говорот на Лавров, кој ја претставува земјата-агресор во војната против Украина. Меѓу оние делегации што ја напуштија салата, потврдена е […]

Министерски совет: Остри осуди за руската војна во Украина и блокадата на ОБСЕ

30 ноември 2023

Остри осуди за руската воена агресија врз Украина и за блокадата на функционирањето на ОБСЕ од страна на Русија беа испратени од говорниците на почетокот од Министерскиот совет на ОБСЕ. Тие испратија порака дека со руската агресија врз Украина е прекршен Финалниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа од Хелсинки, кој е […]

Ковачевски нема да има средба со Лавров

30 ноември 2023

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ изјави дека нема да има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој истакна дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија на Русија врз Украина. Ковачевски се надева дека на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ќе бидат […]

Страна 1 од 12