fbpx

Коен: Хамас е ИСИС, а Израел ќе продолжи да се бори до уништување на Хамас

Тој додаде дека 7 октомври беше трагичен ден за Израел, како и дека има единствен виновник за целокупното страдање на луѓето во Газа, создадениот ѕид и заложниците одведени во Газа, а тоа е Хамас

-

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје изјави дека неговата земја е посветена на продолжување на борбата против терористичката организација Хамас.

„Хамас е ИСИС“, порача министерот Коен од Скопје.

Тој додаде дека 7 октомври беше трагичен ден за Израел, како и дека има единствен виновник за целокупното страдање на луѓето во Газа, создадениот ѕид и заложниците одведени во Газа, а тоа е Хамас.

Израелскиот министер изјави дека се посветени за да ги ослободат сите заложници на Хамас и за елиминирање на оваа терористичка организација.

„Вакви злосторства не треба да се случат никаде во светот“, изјави израелскиот министер за надворешни работи.

И покрај привремениот прекин на огнот во Појасот Газа како можност за ослободување на киднапираните лица од Хамас во овој период, израелскиот министер за надворешни работи вети дека Израел ќе ја продолжи борбата против Хамас.

Инаку, денеска Израел и терористичката организација Хамас неколку часа пред прекинот на огнот договориле продолжување на прекинот на огнот кој засега важи за уште еден ден. Непосредно пред истекот на крајниот рок за прекин на огнот, Израел добил листа со имиња на други заложници кои Хамас може да ги ослободи денеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...