понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: заложници | 59 резултати

Утрово почнува предавањето на израелските заложници во Газа, ќе ги преземе Црвениот крст

октомври 13, 2025

Предавањето на 48 израелски заложници, од кои се верува дека 20 се живи, се очекува да започне во Газа. Заложниците ќе бидат предадени на Црвениот крст, кој ќе ги предаде на израелската војска. Возила на Црвениот крст се видени во Газа, а израелски хеликоптери чекаат веднаш надвор од Појасот. Израелски безбедносен функционер потврди дека првите заложници […]

Израел го ратификуваше договорот со Хамас за прекин на огнот во Газа

октомври 10, 2025

Израелската влада денеска го ратификуваше договорот за прекин на огнот со палестинската милитантна група Хамас, отворајќи го патот за прекин на непријателствата во Газа во рок од 24 часа и ослободување на израелските заложници држени таму во рок од 72 часа потоа. Израелскиот кабинет го одобри договорот рано наутро во петокот, околу 24 часа откако […]

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и размена на заложници

октомври 9, 2025

Израел и Хамас соопштија дека се согласиле на долгоочекуваниот договор за прекин на огнот и размена на заложници, првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Газа во која загинаа повеќе од 67.000 луѓе и се преобликува Блискиот Исток. Само еден ден по втората годишнина од прекуграничниот напад […]

Нетанјаху ја уби надежта за преостанатите заложници во Газа, смета премиерот на Катар

септември 11, 2025

Катарскиот премиер изјави дека Бенјамин Нетанјаху убил секаква надеж за преостанатите заложници во Газа по вонредниот напад на Израел врз преговарачите на Хамас во Доха во вторник. Во интервју за Си-Ен-Ен, Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим ал-Тани го нарече смртоносниот напад во главниот град на Катар чин на државен терор. Во нападот на Израел претходниот […]

Трамп смета дека израелскиот напад на Хамас во Катар не е начин да се вратат заложниците

септември 10, 2025

Израел се обиде да ги убие политичките лидери на Хамас со воздушен напад врз Катар во вторникот, ескалирајќи ја својата воена акција на Блискиот Исток со она што САД го опишаа како едностран напад што не ги унапредува американските и израелските интереси. Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека е многу незадоволен од секој аспект […]

Нетанјаху одобри планови за масовен напад врз градот Газа, бара преговорите за заложници да бидат под израелски услови

август 22, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри планови за масовен напад врз градот Газа на северот од територијата, и покрај широкото меѓународно и домашно противење. Toj изјави дека дал наредба за започнување преговори за ослободување на сите преостанати заложници и крај на војната во Газа, но под услови кои се прифатливи за Израел. Претходно, Хамас се согласи со […]

Хамас на преговори во Каиро се согласи на двомесечно примирје и ослободување на израелските заложници

август 19, 2025

Хамас се согласи со најновиот предлог од регионалните медијатори за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците со Израел, изјави извор од палестинската вооружена група за Би-Би-Си. Се вели дека предлогот од Египет и Катар се базира на рамката што ја предложи американскиот претставник Стив Виткоф во јуни. Со него, Хамас ќе […]

Стотици илјади луѓе се собраа во Тел Авив на протест со барање за ослободување на заложниците

август 18, 2025

Стотици илјади луѓе вчера се собраа во центарот на Тел Авив, со барање до Владата да ја прекине војната во Газа и да обезбеди ослободување на заложниците кои се држат таму од палестинските терористи, пренесе „Д тајмс оф Израел“. Собирот во Тел Авив изгледаше како еден од најголемите, од почетокот на војната пред речиси две […]

Хамас изрази подготвеност Црвениот крст да доставува храна и лекови до израелските заложници во Газа

август 4, 2025

Хамас вели дека е подготвен да дозволи Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) да достави храна и лекови до израелските заложници во Газа, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика комитетот веднаш да се вклучи во мисијата за хуманитарна помош. Изјавите на Хамас и на Нетанјаху доаѓаат откако минатата недела палестински групи објавија видеа од […]

МВР и ТАВ Македонија симулираа справување со заложничка криза

март 9, 2025

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска се одржа симулациска вежба за справување со заложничка криза во карго просторот, организирана од Министерството за внатрешни работи (МВР) и ТАВ Македонија. Вежбата имаше за цел да ја тестира подготвеноста на институциите и нивната координација при потенцијални безбедносни закани. Во симулацијата учествуваа сите релевантни оддели на аеродромот, службите на МВР […]

Хамас ја осуди одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на затворениците, негира дека церемонијата за предавање е понижувачка

февруари 23, 2025

Хамас во неделата ја осуди одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на палестинските затвореници и притвореници, велејќи дека тврдењата дека церемониите за предавање на заложниците се понижувачки се лажни и се користат како изговор за избегнување на обврските на Израел од договорот за прекин на огнот во Газа, јавува Ројтерс. „Одлуката на премиерот Бенјамин […]

Израел започна со ослободување на голем број Палестинци во замена за тројца израелски заложници

февруари 15, 2025

Израелските заложници Јаир Хорн, Саги Декел-Чен и Саша (Александар) Труфанов беа ослободени во Газа, со тоа што Израел започна со ослободување на околу 369 палестински затвореници и притвореници во замена, откако посредниците помогнаа да се избегне пропаѓање на прекинот на огнот, пренесува Ројтерс. Тројцата Израелци беа изведени на сцена со палестински милитанти од Хамас, вооружени […]

Хамас ослободи 4 припаднички на израелската армија како дел од примирјето во Газа

јануари 25, 2025

Милитантите на Хамас му предадоа четири заробени израелски војници на Црвениот крст во градот Газа, откако ги прикажаа пред насобраните луѓе. Израел треба постапно да ослободи 200 палестински затвореници или затвореници во текот на денот како дел од кревкиот прекин на огнот во Појасот Газа, објави Асошиејтед прес. Израел во меѓувреме ослободи 70 палестински затвореници […]

Израелската армија пронајде тела на шест заложници

август 20, 2024

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека пронашле тела на шест израелски заложници во тунел во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. Во соопштението на израелските одбранбени сили се наведува дека телата на Јагаев Бухстаб, Александар Дансинг, Аврахам Мундер, Јорам Мецгер, Надев Поплвел и Хаим Пери биле пронајдени вчера во областа Кан Јунис. Порталот […]

Коен: Хамас е ИСИС, а Израел ќе продолжи да се бори до уништување на Хамас

ноември 30, 2023

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје изјави дека неговата земја е посветена на продолжување на борбата против терористичката организација Хамас. „Хамас е ИСИС“, порача министерот Коен од Скопје. Тој додаде дека 7 октомври беше трагичен ден за Израел, како и дека има единствен виновник за […]

Последен ден од примирјето во Газа, Хамас подготвени да ослободат повеќе заложници

ноември 27, 2023

Денеска е последниот ден од предвиденото четиридневно примирје помеѓу Израел и Хамас, известува Би-би-си. Како што беше предвидено во договорот меѓу двете страни, секој ден од петок досега, Хамас ослободува дел од заложниците кои ги имаа заробено за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, додека Израел ослободува палестински затвореници, најмногу жени и […]

Хамас продолжува со ослободувањето на заложници

ноември 25, 2023

Денес се очекува Хамас да ослободи 13 од заложниците кои ги имаа заробено на 7 октомври, известува Гардијан. Примирјето продолжува во Газа. Вчера беа ослободени 24 заложници од Хамас, 9 повеќе од најавените 13. Од ослободените, десет беа израелски државјани, 13 тајландски државјани и еден филипински државјанин. Тие беа однесени во Египет преку граничниот премин […]

Израел и Хамас се согласија на привремено примирје за да се ослободат 50 заложници

ноември 22, 2023

Откако функционери на Хамас и САД изминатите денови изјавија дека договор за привремено примирје во Газа е на дофат, Израел потврди дека стигнале до договор со Хамас, кој би вклучувал размена палестински затворенизи во Израел за заложниците кои Хамас ги заробија за време на нивниот на напад врз Израел на 7 октомври, известува Би-би-си. Според […]

Преговори меѓу Израел и Хамас – ослободување на заложници за прекин на огнот

ноември 20, 2023

Додека траат жестоките борби меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, двете страни веќе извесно време преговараат за размена на дел од заложниците што ги зароби Хамас во замена за краток прекин на огнот. Би-би-си пишува дека постојат знаци за напредок на неколкунеделните индиректни преговори за заложници, во кои како посредници се вклучени САД и […]

Заложничка драма на аеродромот во Хамбург, 35-годишен маж со возило во кое имало и дете упаднал на пистата

ноември 5, 2023

Аеродромот во Хамбург денеска е затворен, соопштија германските власти, бидејќи полицијата се справува со заложничка ситуација за која велат дека најверојатно вклучува спор околу изрекувањето на мерка притвор, објави Ројтерс. Од вчера вечер еродромот е затворен за сите полетувања и слетувања, а на местото на настанот има голем број на полициски сили за да се […]

Страна 1 од 3