fbpx
Таг: заложници

таг: заложници

Ноќ на терор во Париз: Најмалку 60 загинати во серија експлозии и напади

Најмалку 60 лица загинаа, а има голем број повредени во серија експлозии и терористички напади на седум локации во центарот на Париз доцна вечерва, јавуваат светските агенции. Експлозиите се случиле во ресторан во десеттиот арондисман и во близина на парискиот стадион, каде што се одвивал пријателски фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија. Има извештаи дека има и стотина заложници во концертна...

Ослободени 70 курдски заложници во воена операција на САД и на Ирак

Седумдесетина Курди кои биле држени како заложници од милитантите на Исламска држава (ИД) во Ирак, биле ослободени во воена операција што денеска ја извеле сили на Соединетите Американски Држави (САД) и на Ирак, пренесуваат американските медиуми. Според сè уште непотврдени информации, во спасувачката операција загинал еден војник на САД. Воената операција се случила утрово, во близина на градот Хавиџа, во провинцијата Киркук,...

ИД киднапира 12 христијани во Сирија

Борците на Исламска држава, наводно, заробиле 12 сириски христијани, откако презедоа град во провинцијата Хомс. Заложниците се заробени во градот Ел-Карјатин. Ова е најголемо киднапирање на ИД во Сирија откако џихадистите го презедоа Палмира во мај. Џихадистичката група бара заробените да преминат во ислам или ќе бидат протерани или ликвидирани.

Нигериската армија ослободила 178 заложници на Боко харам, главно жени и деца

Нигериската војска денеска соопшти дека нејзини трупи спасиле 178 луѓе, заробени од исламистичката милитантна група Боко харам, во северниот дел на државата Борно. Како што јавуваат медиумите, во изјавата објавена денеска, се наведува дека 101 од ослободените лица биле деца, а 67 биле жени. Во изјавата не се наведува дали меѓу ослободените се и девојчињата што беа грабнати од училиштето...

Ослободени заложниците во Париз

Заложничката криза во париска продавница, каде крадците држеа 18 заложници, е завршена, јави „Франс 24“. По неколку часа заложништво, специјалната единица на париската полицијата ги ослободи заложниците. Како што наведува истиот извор, можно е крадците сè уште да се во продавницата „Прајмарк“. Полицијата се сомнева дека напаѓачите се скриле меѓу 18 заложници, поради што во тек е сослушување. Заложничката драма почна рано утринава,...

Вооружени лица држат заложници во продавница во Париз

Вооружени лица држат неколкумина заложници, по, како што изјавиле полициски извори, обид за грабеж на продавница на „Примарк“ во северниот дел на Париз, јавува „Би-Би-Си“. „Некаде околу 10 луѓе се држат внатре како заложници“, изјавиле полициски извори, додавајќи дека на местото се испратени специјалните полициски сили. Полицијата утринава го затворила сообраќајот во околината на трговскиот центар „Кварц“, а затворени биле и...

Исламска држава убила стотици заложници јесиди во Ирак

Милитанти на Исламска држава (ИД), во петокот убиле неколку стотини јесиди, кои биле држени како заложници западно од ирачкиот град Мосул, јавува „Би-Би-Си“. Од Јесидската напредна партија изјавиле дека станува збор за околу 300 заложници, кои биле убиени во областа Тал Афар во близина на Мосул. Ирачкиот заменик-претседател Осама ал-Нујаифи, убиствата ги опишал како „страшни и варварски“. Како што пренесува „Би-Би-Си“, илјадници...

Во антитерористичка акција, САД убиле и двајца заложници

Еден државјанин на САД и еден Италијанец, кои биле држени од Ал каеда како заложници во погранична област меѓу Пакистан и Авганистан, загинале во антитерористичка операција на силите на САД, изведена со дронови, во јануари оваа година, соопшти денеска Белата куќа, пренесуваат светските медиуми. Во операцијата биле убиени американскиот лекар Ворен Вајнштајн и Италијанецот Џовани Ло Порто. Од Белата куќа соопштиле...

Триполи: ИД држи заложници во хотел

Автромобил-бомба денеска експлодира пред луксузен хотел во Триполи, а вооружените напаѓачи упаднале во зградата, почнале да пукаат и зеле заложници откако убиле тројца припадници на хотелското обезбедување. Менаџерот на хотелот, Хасан ал-Абеј, изјави дека пет маскирани напаѓачи упаднале во хотелот, стрелајќи во воздух и оти најверојатно станува збор за џихадисти, приврзаници на Исламска држава. Хотелот е евакуиран пред напаѓачите во панцири да се судрат...

Убиен еден од јапонските заложници, ИД бара размена за другиот

Исламска држава обезглави еден од јапонските заложници и сега бара да се ослободи жена бомбаш-самоубиец од Јордан за да го поштедат животот на другиот заложник. Синоќа беше објавена видеоснимка на која се гледа еден од киднапираните Јапонци, Кенџи Гото, како држи слика од другиот киднапиран Јапонец, Харуна Јукава. Во видеозаписот глас на англиски јазик вели дека јапонскиот премиер Шинзо Абе е виновен...

Јапонија: Немаме никаков глас од ИД за заложниците

Јапонија ги разгледува сите можни начини да се ослободат двајцата заложници што ги држат припадници на Исламската држава, а двајца Јапонци веќе се понудиле да се обидат да преговараат. Групата Исламска држава во вторникот објави видеопорака, со која на јапонските власти им даде рок од 72 часа да им исплатата 200 милиони долари, доколку не сакаат да ги ликвидираат нивните државјани....

ИД бара 200 милиони долари за да не убие двајца Јапонци

Преку видеоснимка, џихадистите од Исламска држава побараа да им бидат исплатени откупнини во висина од 200 милиони долари во наредните 72 часа или во спротивно ќе убијат двајца Јапонци кои ги држат како заложници. На снимката се гледаат двајца заложници во портокалови костуми, а екстремистите ги идентификуваат како Кенџи Гото Џого и Харун Јукав. Јапонски претставници сè уште не ја коментирале...

Нова заложничка драма во Франција

Вооружен маж денеска зазел неколку заложници во пошта во Коломбо, во близина на Париз, јавуваат француските медиуми. Засега нема индикации дека инцидентот е поврзан со минатонеделните исламистички напади. Заложничката криза почнала околу пладне, кога маж со воено оружје се затворил во просториите на поштата. Полицијата засега не открива колку лица во поштата се држат како заложници. Францускиот весник „Фигаро“ јавува дека...

Човекот што ги спаси париските заложници ќе добие француско државјанство

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, штотуку најави дека Ласана Батили, еден од вработените во еврејскиот супермаркет „Хиперкашер“, кој беше мета на терористички напад два дена по „Шарли ебдо“, ќе добие француско државјанство по итна постапка. Француската држава го наградува Ласана Батили за неговата храброст на денот на заложничката драма. Батили, кој е муслиман и имигрант од Мали, на...

Нова заложничка драма во Франција

Нова заложничка драма се случува во Франција, пренесоа странските агенции. Новиот инцидент во Јужна Франција се случи речиси веднаш по ослободувањето на заложниците во северниот дел на земјата.

Заврши заложничката драма, заложниците ослободени

Попладнево, специјални сили на француската полиција го убија и киднаперот кој држеше заложници во супермаркет во Порт де Вансан, во источниот дел од Париз. Претходно и двајцата браќа осомничени за завчерашното убиство на 12 луѓе во неделникот „Шарли ебдо“ беа убиени во заложничката драма, јави „Франс прес“. Саид и Шериф Коуши, според сè уште непотврдени информации, се убиени во печатницата, во индустриската...

Се зголемува бројот на загинатите во военото училиште во Пакистан

Бројот на загинатите во напад на талибанци врз воено училиште во пакистанскиот град Пешавар се искачи на 130 лица. Како што јавуваат локалните медиуми, 122 лица се повредени, од кои 25 се во критична состојба. Пакистанските власти соопштуваат дека над 100 од убиените се деца и оти бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува. загинати може да се зголеми. Според...

Тројца загинати, четворица повредени во заложничката драма во Сиднеј

Сиднејската полиција потврди дека три лица, вклучувајќи го и напаѓачот, загинаа за време на заложничката драма во сиднејското кафуле „Линд“. Освен напаѓачот, убиени биле и 34-годишен маж и 38-годишна жена, а четири лица се посериозно повредени. Напаѓачот, кој киднапираше 40 лица и ги држеше во заложништво речиси 16 часа, е Австралиецот со иранско потекло, шеик Ман Харон Монис. Тој бил...

Сиднеј: Двајца загинати во заложничката драма

Најмалку две лица се загинати, а петмина се посериозно повредени при решавањето на заложничката драма во сиднејското кафуле „Линд“, јавуваат австралиските медиуми. Информациите за загинатите и за повредените засега уште не се официјално потврдени. Според очевидци, на местото на драмата се слушнале истрели од автоматско оружје, а екипи на брза помош, во панцирни одела, се регистрирани пред самото кафуле, во кое...

Заврши заложничката драма во Белгија

Белгиската полиција уапси тројца мажи кои држеа заложник во станбена зграда во градот Гент. Заложникот е ослободен и не е повреден. Уште не е јасно зошто уапсените го зеле заложникот, но сепак не станува збор за терористички чин, соопшти портпаролката на полицијата, Анемеи Серлипенс. Четворица мажи денеска упаднаа во станбен блок во работничкиот кварт во Гент, по што полицијата презеде засилени...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...