ИД бара 200 милиони долари за да не убие двајца Јапонци

Преку видеоснимка, џихадистите од Исламска држава побараа да им бидат исплатени откупнини во висина од 200 милиони долари во наредните 72 часа или во спротивно ќе убијат двајца Јапонци кои ги држат како заложници.

На снимката се гледаат двајца заложници во портокалови костуми, а екстремистите ги идентификуваат како Кенџи Гото Џого и Харун Јукав.

Јапонски претставници сè уште не ја коментирале оваа видеопорака.