fbpx

Човекот што ги спаси париските заложници ќе добие француско државјанство

-

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, штотуку најави дека Ласана Батили, еден од вработените во еврејскиот супермаркет „Хиперкашер“, кој беше мета на терористички напад два дена по „Шарли ебдо“, ќе добие француско државјанство по итна постапка.

Француската држава го наградува Ласана Батили за неговата храброст на денот на заложничката драма. Батили, кој е муслиман и имигрант од Мали, на денот на нападот сокри 15 лица во собата-ладилник на маркетот и ја исклучи струјата за да ги заштити од студот и светлата за да не ги види напаѓачот Амеди Кулибали.

Повеќе од 200.000 луѓе се потпишаа на петицијата за барање за државјанство и за орден за Батили.

Батили поднел барање за француско државјанство во јули 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...