Тројца загинати, четворица повредени во заложничката драма во Сиднеј

Сиднејската полиција потврди дека три лица, вклучувајќи го и напаѓачот, загинаа за време на заложничката драма во сиднејското кафуле „Линд“. Освен напаѓачот, убиени биле и 34-годишен маж и 38-годишна жена, а четири лица се посериозно повредени.
Напаѓачот, кој киднапираше 40 лица и ги држеше во заложништво речиси 16 часа, е Австралиецот со иранско потекло, шеик Ман Харон Монис. Тој бил поддржувач на радикалната милитантна организација Исламска држава.

Заложничката криза траеше сè додека полицијата не реши да отвори оган и да упадне во кафулето.