fbpx

Израелски напад во Газа усмрти седум хуманитарни работници од Британија, САД, Австралија, Полска

Владите на земјите на потекло на работниците го повикаа Израел да ги следи меѓународните закони. Светската централа кујна, организацијата за која работеа убиените работници, најави дека ќе ги прекине своите активности во Газа

-

Израелски воздушен напад во Газа усмрти седум работници од хуманитарната организација Светска централа кујна (СЦК), пренесува Гардијан. Жртвите потекнуваа од Австралија, Велика Британија, Палестина, Полска, а еден од загинатите имал двојно државјанство од САД и Канада.

Светската централна кујна, која беше клучна во доставата на хуманитарна помош преку новиот поморски коридор од Кипар, соопшти дека работниците патувале во две возила на кои било јасно означено дека припаѓаат на организацијата. Дополнително, СЦК континуирано ги координира своите рути во соработка со израелските одбранбени сили (ИДФ).

„Ова не е само напад против СЦK, ова е напад врз хуманитарните организации кои делуваат во најстрашните околности, во кои храната се користи како оружје. Ова е непростливо“, соопшти СЦК.

СЦК, како и хуманитарната организација Американска хуманитарна помош за бегалци на Блискиот Исток, најавија дека ќе прекинат со сите активности во Газа.

Европската комисија изрази сочувство за семејствата на хуманитарните работници и го повика Израел да изврши темелна истрага околу околностите на инцидентот, како што и Израел најави дека ќе стори.

Претставници на владите од Полска, Велика Британија, Шпанија и Кипар ги осудија нападите и побараа од Израел да ги следи меѓународните закони.

Инаку, израелските сили синоќа го бомбардираа конзулатот на Иран во Дамаск, главниот град на Сирија. Убиени се најмалку 11 лица, вклучително и генерали од иранските револуционерни сили. Иранскиот амбасадор во Сирија вети дека ќе му врати на Израел со напад од „еднаков интензитет и суровост“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...