fbpx

Вооружени лица држат заложници во продавница во Париз

-

Вооружени лица држат неколкумина заложници, по, како што изјавиле полициски извори, обид за грабеж на продавница на „Примарк“ во северниот дел на Париз, јавува „Би-Би-Си“.

„Некаде околу 10 луѓе се држат внатре како заложници“, изјавиле полициски извори, додавајќи дека на местото се испратени специјалните полициски сили.

Полицијата утринава го затворила сообраќајот во околината на трговскиот центар „Кварц“, а затворени биле и другите продавници во соседството.

„Околу 4.30 часот (според средноевропско време) двајца или тројца вооружени разбојници, влегле во продавницата на „Примарк“, за, според информациите што засега ги имаме, да извршат вооружен грабеж“, рекле полициски извори за агенциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...