вторник, 18 август, 2026
Meta.mk

Ознака: продавница | 26 резултати

Маж претепан до смрт пред продавница во Охрид

јули 24, 2017

Маж на возраст од 59-години вчера колабирал и починал во Охрид од повредите добиени во тепачка, извести СВР Охрид. Поради тоа, кривична пријава за убиство е поднесена против Н.С. (79), З.С. (45) и Д.С. (24), сите од Охрид. Според СВР Охрид, вчера околу 17.30 часот, пред продавница на раскрсницата на улиците Будва и Радојца Новичиќ […]

Германија доби продавница за храна што инаку би се фрлила

февруари 7, 2017

Во градот Келн во саботата е отворен првиот супермаркет во Германија во кој се продава храна што инаку би завршила во ѓубре, како уште еден чекор кон создавање општество со минимално фрлање ѓубре, јавува „Дојче веле“. Ова, инаку, е трета таква продавница во Европската Унија. Продавницата „Добра храна“ продава речиси сè – од зеленчуци до […]

Гостиварец извршил повеќе од стотина кражби во Охрид, Струга и во Кичево

октомври 4, 2016

Гостиварецот Џ.И. (22) од селото Дебреше, извршил повеќе од стотина кражби во Охрид, Струга и во Кичево. Канцеларијата за криминалистички работи од Струга му поднесе кривична пријава со која го товари за сторени тешки кражби, извршени во продавници и во јавни установи во Струга. Во периодот од 2009 до 2016 година, пријавениот Џ.И. на подрачјето на […]

Голем пад на велигденскиот профит во Грција

мај 4, 2016

Грчките трговци годинава забележаа нов пад во велигденскиот профит. Претседателот на грчката конфедерација на трговци, Василис Коркидис, истакна дека годинешниот велигденскиот профит на грчките трговци е за 7 отсто понизок од лани. Во суштина, трговците бележат загуба од 180 милиони евра во споредба со 2015 година. За велигденскиот профит не помогнаа ниту одлуката да нема поскапување […]

Бегалците го искршија бифето кај Идомени

април 14, 2016

Бегалците во кампот кај Идомени поминаа уште една тензична ноќ. Околу 1 часот по полноќ, неколкумина бегалци предизвикале инцидент кога не успеале да ја убедат вработената во продавничката и во бифето на железничката станица продавницата да остане отворена цела ноќ за да може да купуваат храна. Според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, околу 30 бегалци го […]

Виничанец осомничен за кражба во продавница за детска облека

октомври 9, 2015

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против И.М. (22), осомничен дека ограбил продавница за детска облека, од која однел стока во вредност од околу 163.000 денари или околу 2.650 евра. Според полицијата, осомничениот, кражбата за која се товари, ја извршил кон крајот на ноември минатата година. Тој, според полицијата, провалил во продавницата […]

Скопјанец обил продавница во Охрид и ја повредил сопственичката

август 18, 2015

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (38) од Скопје, кому му е одредена  мерка притвор во траење од триесет дена. Полицијата го товари за постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“. Пријавениот, заедно со уште едно засега непознато женско лице, со подесен алат ги скршиле двата катинари од метална решетка, […]

Вооружени лица држат заложници во продавница во Париз

јули 13, 2015

Вооружени лица држат неколкумина заложници, по, како што изјавиле полициски извори, обид за грабеж на продавница на „Примарк“ во северниот дел на Париз, јавува „Би-Би-Си“. „Некаде околу 10 луѓе се држат внатре како заложници“, изјавиле полициски извори, додавајќи дека на местото се испратени специјалните полициски сили. Полицијата утринава го затворила сообраќајот во околината на трговскиот […]

Во Атина демонстранти опустошиле продавница и ја поделиле храната

јули 3, 2015

Неколку десетици антивладини демонстранти денеска насилно влегле во продавница во предградие на Атина, ја ограбиле и им ја поделиле храната на граѓaните, јавуваат грчките медиуми. Инцидентот се случил во предградието Виронас, во источниот дел на Атина, каде околу 30 демонстранти влегле во продавницата, ја зеле храната од полиците и околу неа расфрлале памфлети. Полицијата соопштува дека […]

Разбојници украле пари и цигари од продавница во Скопје

јули 3, 2015

Синоќа, околу 22.30 часот, две непознати лица извршиле разбојништво во продавницата „Агровита-мак“ на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, од која однеле плен во вредност од околу 10.000 денари. Како што информираат од полицијата, разбојниците со нож ѝ се заканиле на вработената и одзеле 2.300 денари и стотина кутии цигари. Полицијата засега нема осомничени лица и работи […]

За награда од 300 евра, со молотов коктел запалиле дуќан во Битола

јуни 12, 2015

Битолската полиција го расчистила случајот со палењето на продавницата за чевли во градот, пред три дена, и поднела кривични пријави против П.Д. (29) и М.Б. (42), кои се осомничени дека наговорени до трето лице, со молотов коктел го предзвикале пожарот што го пеплоса дуќанот. Индентитетот на лицето што ги наговорило осомничените да го запалат дуќанот засега […]

Запалена продавница во Битола

јуни 9, 2015

Утрово, околу 2 часот, во битолската полиција било пријавено дека непознато лице предизвикало пожар во продавница на булеварот 1 Мај, информираат од полицијата. Во пожарот, продавницата „Елегант – Ловец – Јанков“, сопственост на А.Ј. од Кочани, целосно изгорела. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Црвениот крст отвора продавница за социјално ранливите категории граѓани

јуни 6, 2015

Црвениот крст на Македонија денеска отвора продавница за облека во која граѓаните од социјално ранливите категории ќе можат да купуваат по симболични цени. Продавницата е дел од третата фаза на проектот, кој се реализира со поддршка на Алфа банка АД Скопје, а кој почна пред две години со поставување седум контејнери за донирање облека. Во […]

Албански државјанин пазарел во Струга со фалсификувани евра

јуни 3, 2015

Струшката полиција поднела кривична пријава против 34-годишниот В.Џ. од Република Албанија, кој е осомничен дека во продавница во Струга платил со фалсификувани евра. Според полициските информации, осомничениот, кон крајот на минатиот месец, од продавница во Струга купил електроопрема, која ја платил со фалсификувана банкнота од 20 евра. Случајот во полиција го пријавиле вработените во продавницата […]

Маскиран разбојник ограбил продавница во Ресен

мај 7, 2015

Непознат сторител, вчеравечер, околу 22 часот, извршил разбојништво во колонијална продавница на улицата Ленинова во Ресен, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, маскиран разбојник со пиштол ѝ се заканил на вработена во продавницата „Виоли“ и потоа одзел околу 21.000 денари. Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Поднесена кривична пријава за палењето на продавницата во селото Ореше

март 18, 2015

Велешката полиција поднела кривична пријава против жител на селото Ореше, осомничен дека завчера вечерта ги запалил продавницата и автомобилот, марка „бе-ем-ве“, сопственост на Ѓ.Ѓ. (51) од селото. Како што информираат од полицијата, станува збор за Ѓ.П. (46) од селото, кој, според пријавата, се товари за кривичното дело предизвикување општа опасност. Неофицијално, осомничениот е Ѓоре Петровски, […]

Запалени продавница и автомобил во селото Ореше

март 17, 2015

Синоќа околу полноќ, Ѓ.Ѓ. (51) од селото Ореше пријавил дека му биле запалени продавницата и автомобилот, марка „мерцедес“, информираат од полицијата. Полициски екипи извршиле увид на местото и привеле две лица за кои постојат сомневања дека ги запалиле продавницата и автомобилот, односно дека предизвикале општа опасност. Како што јавува телевизијата „Телма“, повикувајќи се на свои […]

Скопјанец избркал вооружен разбојник од продавница во Автокоманда

јануари 28, 2015

Педесет и двегодишен скопјанец вчера бил приведен под сомнеж дека истиот ден, заканувајќи се со пиштол, извршил разбојништво во продавница во населбата Автокоманда, информираат од полицијата. Според полицијата, разбојништвото се случило околу 17.30 часот, во продавницата „Ники-нада“ на улицата Трифун Хаџијанев. Разбојникот со пиштол му се заканил на Д.С. (56) од Скопје, кој, пак, се […]

Маскиран и вооружен разбојник ограбил продавница во Бутел

јануари 21, 2015

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчеравечер ограбил продавница во населбата Бутел, соопшти МВР. Според полициските информации, разбојништвото се случило околу 22.20 часот, во продавницата „Вива фреш“ на улицата Александар Бујнов, во Бутел. Маскираниот разбојник со пиштол им се заканил на вработените, а потоа од касата зел 15.000 денари.

Подарок од „Самсунг“ – отказ за Божик

декември 25, 2014

Јужнокорејската компанија „Самсунг“, без претходна најава, одлучи да ја затвори својата најголема продавница во Велика Британија, „Експиријенс стор“ во Лондон. Крајот на годинава несомнено е особено тежок за јужнокорејскиот гигант. Демонтирањето на продавницата почна ноќта меѓу 23 и 24 декември, кога сите вработени, во пресрет на Божик, добиле известување за отказ. „Самсунг“ прецизираше дека и […]

Страна 1 од 2