петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: грабеж | 87 резултати

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

март 28, 2025

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале покрај Ерсте Банка, кога случаен минувач ги предупредил дека нешто се случува во банката. Откако го запреле полициското возило, разбојникот излегол држејќи вработен […]

Жена ограбила обложувалница во Ростуше

јуни 10, 2024

Приведена е 56-годишната В.Т. од селото Ростуше – се сомничи дека ограбила спортска обложувалница. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, жената одзела пари од дневниот промет од обложувалница во гостиварско Ростуше. Дваесетина минути подоцна, полицијата ја лишила од слобода на локален пат за селото, а парите […]

Ограбил продавница во Скопје, при бегање паднал па завршил во болница

мај 31, 2024

Откако со пиштол и нож ограбил продавница, при обидот да избега паднал и се повредил, по што сопственикот на продавницата го совладал и повикал полиција. Настанот се случил вчера попладне на подрачјето на Општина Карпош во Скопје. „На 30.05.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, К.К.(52) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот во неговиот […]

Патарината „Глумово“ ограбена откако илјадници возила се вратија во Скопје од продолжен викенд

август 5, 2019

Наплатната рампа „Глумово“ на автопатот Скопје – Тетово рано утрово била ограбена од засега непознати разбојници. Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), во 4:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патарината „Глумово“ две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет. Од МВР велат дека преземаат […]

Ограбена бензинска во Виница

декември 17, 2017

Непознато маскирано лице вчера, околу околу 03.00 часот ја ограбил бензиската пумпа „ЕЛ-ГО“, на место викано „Липечко поле“, во Виница. Како што соопшти полицијата, маскираниот крадец му се заканил со пиштол на вработениот и одзел засега неутврдена сума на пари од дневниот промет, по што побегнал од местото на настанот. СВР Штип презема мерки за […]

Ограбен малолетник под закана со пиштол

декември 16, 2017

Четиринаесетгодишник од Скопје вчера во 17:45 часот пријавил дека непознато лице извршило разбојништво врз него, соопшти Министерството за внатрешни работи. Малолетникот кога влегол во влезот на зградата, сторителот со закана со пиштол му одзел мобилен телефон, по што побегнал во непознат правец. Се преземат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Фатен еден од разбојниците што ја ограбија „Халк банка“

ноември 18, 2017

Осомничениот Е.М. (29) од Скопје е приведен и доби кривична пријава поради грабежот во експозитура на „Халк банка“ на 3 ноември годинава. Пријавениот заедно со уште две, засега непознати лица, на улицата Александар Урдаревски во експозитура на „Халк банка“ извршил грабеж, при што одзел околу 1.200.000 денари. „Е.М. и едно од двете лица извадиле пиштоли, […]

Украдени пари и накит од куќа во Тетово

ноември 12, 2017

Непознати сторители ограбиле куќа во сопственост на Џ.К. во Тетово вчера откако со употреба на сила и тврд предмет ја отвориле пластичната шибер балконска врата од приземјето. Крадците одзеле 700 евра, два црни ковчега во кои имало златен накит и бижутерија и кутија со златен ѓердан со што предизвикале вкупна материјална штета од околу 600.000 […]

Ограбени двајца малолетници во Скопје под закана со нож

ноември 12, 2017

Две непознати лица вчера извршиле разбојништво врз двајца малолетници од Скопје во центарот на градот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 18.00 часот во Скопје на ул.“Димитрија Чуповски“, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз двајца малолетници М.Т. и Н. М. од Скопје, одземајќи им околу 1200 денари, а потоа […]

Нападнати и ограбени тројца малолетници на Партизанска

ноември 11, 2017

На булеварот „Партизански одреди“ синоќа се извршени две разбојнишва врз малолетници, откако непознати лица нападнале две малолетни лица од Ресен и Другово и едно лице од Скопје. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во првиот случај во 18.05 часот во Скопје кај автобуската постојка извршено е разбојништво врз две малолетни лица А.М. од Ресен и […]

Кривична пријава за скопјанец кој се обидел да ограби две менувачници

ноември 11, 2017

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Н. (45) од Скопје, поради сомнение дека се обидел да ограби две менувачници, во Карпош и во Центар. Како што соопшти МВР, Б.Н. првото од двете дела го извршил на 2-ри овој месец, околу 13,35 часот, на ул. Московска, на подрачјето […]

Девет години и два месеци казна затвор за Бобан Смилевски за грабежот во НЛБ

ноември 3, 2017

Бобан Смилевски доби девет години и два месеци затвор за милионскиот грабеж што го изврши во НЛБ. Неговиот брат Горан Смилевски, второобвинет во случајот, е осуден на шест години и шест месеци затвор. Третообвинетиот Борис Минчевски доби пет години и два месеца, а Мирослав Каевски беше условно осуден на две години и судот му изрече забрана […]

Првообвинетиот за грабежот во НЛБ тврди дека парите ги украл поради долгови

октомври 27, 2017

Бобан Смилевски, првообвинетиот за грабежот во НЛБ, во завршните зборови ја призна вината и рече дека парите ги украл бидејќи имал долгови, а тој и семејство живееле под закани, пренесува „Фокус“. – Делото не е од лукративна причина и не е за да се оствари имот за себе или за кој било друг. Бев во […]

Обвинителство бара 10 години затвор за обвинетите за грабежот во НЛБ

октомври 27, 2017

Основното јавно обвинителство Скопје, во завршните зборови за милионскиот грабеж во НЛБ, денеска побара од судот на обвинетите да им одреди највисока казна, која според Кривичниот законик изнесува 10 години затвор. Четворицата обвинети, Бобан Смилевски, неговиот брат Горан Смилевски, Борис Минчевски и Мирослав Каевски, на претходното рочиште ја признаа вината, но не открија каде се парите […]

Четворицата обвинети го признаа грабежот во НЛБ, но не открија каде се парите

октомври 19, 2017

Четворицата обвинети за милионскиот грабеж во НЛБ, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 го признале кривичното дело, но не откриле што сториле со украдените пари, соопшти Јавното обвинителство. „Тие се изјаснија за виновни, односно дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејства, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на […]

На битолчанец му украле 500.000 денари

октомври 8, 2017

Непознат сторител синоќа во Битола украл разновиден накит и пари, стекнувајќи противправна имотна корист од 500.000 денари, соопшти МВР. Крадецот, вчера околу полноќ, од станот 57-годишниот В.Ј., на улица Питу Гули, одзел 225.000 денари, 1.300 евра, 800 американски долари, 450 швајцарски франци и разновиден златен и сребрен накит. Сторителот ја отклучил влезната врата, влегол во станот, […]

Ограбена аптека во Скопје

октомври 7, 2017

Непознато лице со закана со нож ограбило аптека синоќа во 21 часот на улица Бутелска во Скопје. Напаѓачот со нож им се заканил на вработените и ги украл парите од дневниот промет. Екипа на полицијата извршила увид на местото на настанот, а во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Грабеж во Сарај – од сеф украдени 5.000 евра

октомври 7, 2017

Ноќеска во околу 1.30 по полноќ, на улица Борис Сарафов во Скопје, непознат сторител извршил кражба во фирма сопственост на Џ.М. од село Сарај. Крадецот ја скршил влезната врата и од метален сеф одзел околу 5.000 евра. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Ограбени три момчиња под закана со пиштол

октомври 7, 2017

Тројца тинејџери околу 1.30 часот синоќа биле ограбени во центарот на Скопје од три непознати лица, информираа од МВР. Според полицијата, непознатите машки лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над Н.С. (17) , Б.Д. (18) и Д.И. (18), сите од Скопје, при што им одзеле 1.240 денари.

Момче нападнато и ограбено во Жена-парк

октомври 7, 2017

Дваесет и едногодишниот скопјанец Д.П. вчера, околу 19:50 часот, бил физички нападнат и ограбен во паркот Жена-борец. Како што соопшти МВР, десетина непознати лица извршиле насилство над момчето, при што физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и со клоци, по што побегнале, а Д.П. забележал дека му го нема и рачниот часовник. За настанот […]

Страна 1 од 5