fbpx

Се зголемува бројот на загинатите во военото училиште во Пакистан

-

Бројот на загинатите во напад на талибанци врз воено училиште во пакистанскиот град Пешавар се искачи на 130 лица. Како што јавуваат локалните медиуми, 122 лица се повредени, од кои 25 се во критична состојба.

Пакистанските власти соопштуваат дека над 100 од убиените се деца и оти бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува. загинати може да се зголеми. Според неофицијални информации најмалку шестмина лица го извршиле нападот. Четворица напаѓачи, како што јавуваат пакистанските власти, се ликвидирани, додека двајца се забарикадирани во канцеларијата на директорот.

Портпарол на талибанците, за медиумите изјавил дека бомбашите-самоубијци биле испратени во военото училиште, а цел им бил воениот персонал, со наредба да не ги повредат децата.

Според претставници на пакистанската војска, во зградата на военото училиште влегле шестмина вооружени мажи и отвориле оган.

Вработени во училиштето за медиумите изјавиле дека на местото се случувал вистински хаос.

– Стоевме надвор пред училиштето кога наеднаш почна пукањето, а потоа настана вистински хаос. Се слушаше како врескаат децата и наставниците – изјавил Џамшед Кан, возач на училишен автобус.

Еден од ранетите ученици рекол дека бил со група тинејџери на обука за давање прва помош кога почнало насилството. Никој не сфатил што се случува, додека децата не почнале да паѓаат, плачејќи и врескајќи, покосени од куршумите.

– Јас исто така паднав и дури подоца дознав дека сум ранет – рекол ученикот.

Очевидици изјавиле дека напаѓачите биле облечени во армиски униформи и запалиле возило пред да влезат во училиштето и да почнат да пукаат.

Во последните неколку години Пешевар е честа цел на напади од страна на талибанските милитанти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....