Нигериската армија ослободила 178 заложници на Боко харам, главно жени и деца

Нигериската војска денеска соопшти дека нејзини трупи спасиле 178 луѓе, заробени од исламистичката милитантна група Боко харам, во северниот дел на државата Борно.

Како што јавуваат медиумите, во изјавата објавена денеска, се наведува дека 101 од ослободените лица биле деца, а 67 биле жени. Во изјавата не се наведува дали меѓу ослободените се и девојчињата што беа грабнати од училиштето во Чибок, во април минатата година.

Во акцијата на нигериската војска, според информациите, бил заробен и командант на Боко харам, а биле расчистени неколку кампови на милитантите.

Се смета дека борците на Боко харам од 2014 година досега убиле околу 5.000 цивили. Засега не се знае судбината на 200 девојчиња од училиштето во Чибок, кои сè уште се водат како исчезнати, откако пред една година беа грабнати на северот на Нигерија.