Аеродромот во Хамбург денеска е затворен, соопштија германските власти, бидејќи полицијата се справува со заложничка ситуација за која велат дека најверојатно вклучува спор околу изрекувањето на мерка притвор, објави Ројтерс.
Од вчера вечер еродромот е затворен за сите полетувања и слетувања, а на местото на настанот има голем број на полициски сили за да се справат со мажот кој со возило во кое има дете преминал преку заштитните бариери на аеродромот.
Автомобилот, кој го управувал 35-годишен маж и во него имало 4-годишно дете, застанал под еден од паркираните авиони, изјави за Ројтерс претставник на германската полиција.
„Операцијата продолжува. Нашите преговарачи се во контакт со лицето во автомобилот“, објави полицијата социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.
Полицијата соопшти дека мајката на детето им рекла дека таткото бил во контакт со неа. Полицијата не ги потврди нивните претходни изјави дека мажот бил вооружен и пукал.